БЕРОВО-Х.Манастир 4*

  На излезот од градот Берово (на патот кој води кон Езерото), е сместен хотелскиот комплекс “Манастир”.Тој се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа, а од кој што е и добиена инспирацијата за неговиот изглед – воглавно поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши вонвременската убавина, при тоа постигнувајќи  беспрекорна хармонија.

Хотелот  Манастир 4* е одличен избор и за оние на кои едноставно им е потребен само одмор или можеби рехабилитација. Зеленилото, свежиот воздух, високиот степен на концентрација на кислород во воздухот (највисок во Македонија), со сигурност ќе допринесат за целосна релаксација

Хотел Манастир  4* во Берово е карактеристичен – автентичен објект и  по сместувањето и храната. Се карактеризира со сите модерни и традиционални јадења со сите специјалитети на локалната трпеза направени од органски и еко-продукти. Релаксацијата може да ја дополните со користење на СПА центарот (џакузи, парна бања, Финска сауна, масажи), уживање на летната тераса , прошетки низ убавата сликовита околина, со традиционален оброк на бачило и уште многу други можности кои ги нуди околината , за Ваш релаксиран престој.За најмалите има детско игралиште , а за љубителите на спортот и тениско игралиште.

Располага со сместувачки капацитет од 60 легла распоредени во две крила, односно 2 delux апартмани (над 60 м2), 3 стандард (двособни) и 5 класични апартамани, како и 22 соби, сите опремени со директна телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет.Воедно сите апартмани и соби (со исклучок на 5) имаат и тераса, со неповторлив поглед.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*