Вечниот град-РИМ (22-25.04) авионска програма

Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…

1 ден 22.04.2022  СКОПЈЕ – СОФИЈА – РИМ (Петок)
  • Состанок на групата пред Хотел ВИП Скопје.Автобуски трансфер до аеродромот во Софија.Лет од Софија за Рим.Слетување во Рим.Организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе,плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот,Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо…Сместување во хотел.Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање.
2 ден – 23.04.2022 РИМ – ВАТИКАН (Сабота)
  • Појадок. Во договореното време заминување за Ватикан со обезбеден трансфер.Средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
3 ден – 24.04.2022 РИМ – ТИВОЛИ (Недела)
  • Појадок.После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период.Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО.Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
4 ден-  25.04.2022 РИМ – СОФИЈА – СКОПЈЕ 
  • Појадок.Трансфер од хотел до аеродром.Лет за Софија.Пристигнување во Софија.Упатување кон трговскиот шопинг центар Sofia Ring Mall.Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Враќање во Македонија.Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цена на аранжманот: 399 € / 24.740 ден

Цената вклучува

  • aвтобуски превоз на релацијаСкопје – Софија – Скопје
  • aвионски превоз на релација Софија – Рим – Софија
  • рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 20 x 25 cm)
  • сместување во хотел 3* во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок
  • разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич
  • трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • организација и придружник на патувањето

Цената не вклучува

  • аеродромски такси 40 евра (2.480 денари)
  • туристичка такса 4 евра од ноќ по лице
  • трансфер,влез и разглед на Ватикан со локален водич – 60 евра
  • превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 60 евра
  • метро карти
  • сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги

Напомена

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*