ДРАКУЛА ТУРА 7-11.09

Дракула Тура 07.09 – 11.09.2022

Програма :

07.09 (среда) Скопје- Букурешт

Собир на групата во 17:30 ,поаѓање  од  Скопје  во  18  часот  на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти поранешен Саем) со стандардизиран туристички автобус или минибус. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за царински формалности и паузи

08.09 (четврток ) Букурешт – Азуга

Во  предпладневните  часови  пристигнуваме  во  Букурешт – нарекуван и „Мал Париз„.Ќе направиме  разглед на стариот дел од  градот,ќе ја посетиме Патриаршијата , Kurtija  Veke  најстариот дел  од  Букурешт , кој  во  средината  на  XV  век  го  подигнал  познатиот  Влашки владетел  Влад  Цепеш- Дракула.Потоа ќе имаме панорамски  разглед  на  Парламентот ,но и кратко ќе застанеме за да направите фотографии.Разгледот ќе го продолжиме по најпознатата улица Kalja Viktorei на која се наоѓа Ateneum (седиштето на Филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста, Националниот музеј за историја).По завршување на планираното во програмот , се упатуваме кон Трансилванија. Во  пладневните   часови   се   пристигнува   во Азуга каде ќе се сместиме во хотел .Ноќевање.

09.09 (петок) Азуга- Бран – Брашов – Азуга

Појадок. Вториот ден од програмата ќе го започнеме со  посета  на  Замокот  Бран  од  XIV  век  во  кој  1462г.  бил затворен Дракула.По разгледот на Замокот на Дракула и кратко слободно време ,патувањето ќе го продолжиме кон градот Брашов  кој представува Музеј на   отворено. Ќе имате можност да ја видите Црната Црква од XIVвек.и да ги чуете најинтересните приказни кои ги сочувала.Разглед на стариот градски центар и слободно време. Враќање  во хотел. Ноќевање.

10.09 (сабота) Азуга – Пелеш – Снагов – Букурешт – Скопје

Појадок. По напуштање на хотелот, денешната програма ќе ја започнеме со посета на Дворецот Пелеш-најубавиот дворец во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви,но и ќе Ви доловиме детали и приказни кои досега не сте ги слушнале.По посетата на Пелеш и слободно време ,се упатуваме кон  езерото Снагов  до истоимениот Остров, каде ќе ја видите резиденцијата каде последниот пат престојувал Чаушеску ,а ќе го посетиме и истоимениот Манастир каде се наоѓа гробот на Дракула.Од Снагов се упатуваме повторно во Букурешт, каде ќе посетиме трговски центар и слободно време до поаѓање за  Македонија во попладневните часови. Ноќно   возење.Патувањето се одвива преку Бугарија со паузи за одмор и царински формалности.

11.09 (недела) Пристигнување  во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот

~~~ До 25.08 цена 99 евра

~~~ Редовна цена  129 eвра

 Цените се изразени во евра , а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност

 Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандрардизиран туристички автобус или минибус Скопје–Букурешт-Азуга-Скопје
  • Сместување во хотел 3***
  • Две ноќевања со  појадок на база на шведска маса
  • Лиценциран туристички пратител/водич за време на целото патување
  • Комплетна организација и водство  на патувањето
  • Туристичка такса

 Во цената не е вклучено:

  • 40 еурвлезници , разгледи и трансфери до објектите кои опфаќаат :                                         
  • Влезница во Дворецот Пелеш
  • Влезница во Замокот Бран
  • Посета на Брашов
  • Посета и влезница во Манастирот Снагов и гробот на Дракула
  • Панорамски и класичен разглед на Букурешт
  • Пешачка тура низ стариот дел на Букурешт

 

  • 5 еур специјализиран водич за Романија
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци кои не се опфатени во програмата
  • Избор на седиште (10 евра) минимум 2 седишта,од кои првиот ред е резервиран за персоналот

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*