ЕДИПСОС-АГИОС-ПРОКОПИ (22-25.04)

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термални извори кои тука се влеваат во водите на Егејското Море.  Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила. Овој Велигден Ваикики традиционално Ве води  во најпознатата бања на Грција, космополитското Лутра Едипсос, прошетки поркрај море, велигденски процесии, славење на животот, шарени балони и многу повеќе од тоа…  

EVIJA
EDIPSOS

1. Ден 22.04.2022 (Петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 01:30 часот. Поаѓање за Евија во 02:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на траект патување (30мин). Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Галини лоциран непосредно од центарот на Едипсос. Краток пешачки разглед: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила се до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 23.04.2022 (Сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годиншно привлекува голем бројни верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера. Вечерта, следење на велигденските традиционални процесии и хорови низ центарот на Едипсос кои се пресретнуваат во централната градска црква, единствено искуство и уживање кое ќе го паметите цел живот.. Ноќевање

3. Ден 24.04.2022 (Недела) ЕДИПСОС – АГИОС – ЕДИПСОС

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за капење во природните базени со минерална вода кои се вливаат во морето. Во попладневните часови организиран традиционален велигденски доцен ручек во дворот на хотелот со богато национално мени (доколку временски услови се погодни, доколку не, ручекот се префрла во ресторанот на хотелот). Во приквечерните часови организирано заминување кон планинското место Агиос, познато по традиционалната прослава на Велигден, прекрасно искуство за тоа како мештаните на специфичен и карактеристичен начин овде го прославуваат Христовото воскресение. Традицонални грчки песни и уживање во небото на зајдисонце исполнето со балони во најразлични бои… Враќање во Едипсос. Ноќевање.

4. Ден 25.04.2022 (Понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок.  Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време напуштање на собите и заминување кон Агиос Кампос,  качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот 149€/9.238мкд

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација.

Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;

– Сместување во Хотел Галини 2* на база 3 ноќевања.

– Исхрана на база полупансион (појадок шведска маса и вечера сет мени).

– Традиционален велигденски ручек со богато национално мени.

– Организирана посета на местото Агиос познато по традиционалната прослава на Велигден.
– Организација и реализација со туристички придружник.

– Туристичка такса.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување.

– Факултативна посета на Прокопи 10€ (минимум 30 пријавени).

– Индивидуални трошоци.

 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта);

– Доплата за еднокреветна 45€/2.790мкд од цената на аранжманот;

– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;

– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;

– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;

– Доплата за дополнително седиште во автобус 50€/3.100мкд.

 

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

– За влез ќе важат мерките кои ќе бидат активни во моментот на влегување во државата.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

– За овој аранжман важат ОУ на патување и Правните Напомени

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*