ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦА (28.04-2.05) Италија во Минијатура

(САН МАРИНОПАДОВАРИМИНИ-ИТАЛИЈА ВО МИНИЈАТУРАТРСТ)

1.Ден 28.04.2023 (Петок)  Поаѓање 

Состанок на групата на паркингот на Хотел “ВИП” во Скопје (наспроти поранешен Саем) во 12:00 часот.Поаѓање за Италија во 12:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија ,со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности

2.Ден 29.04.2023 (Сабота)  СКОПЈЕ-ПАДОВА-РИЧОНИ (РИМИНИ) 

Првиот ден од престојот во Италија,ќе го започнеме со посета на градот кој е сопственик на најголемиот Плоштад во Италија и Европа,градот кој плени со својата смиреност,а во него се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа-Падова.Велат,Падова плени со секој чекор,во секоја стара зграда има најмалку по една дамнешна  приказна која треба да се прераскаже..Во времето за разглед ќе имате можност да ги видите Плоштадот Pratto della Valle, Santa Giustina од 10 век, Palazzo della Ragione едно од најуникатните Градски Собранија,ќе продолжиме кон  Piazza dei Signori и астрономскиот часовник Torre dell’Orologio,ќе имате можност да го видите Мостот Gregorio Barbarigo,Мостот со најубавиот поглед…Многуте легенди,преданија,се неизбежни да Ви бидат прераскажани. По слободното време,ќе продолжиме кон Ричони (Римини) каде ќе се сместиме во Хотел.Слободно време.Ноќевање.

3.Ден 30.04.2023 (Недела)  РИЧОНЕ– САН МАРИНО – РИМИНИ 

Појадок.Вториот ден од престојот во Италија,нашето патување го продолжуваме кон најмалата државата во Светот ,сместена на планината Монте Титано,државата која се граничи со само една држава и се  состои од  средновековни тврдини со замоци и стари куќи, во кои живее речиси целото население – Сан Марино.Тука ќе ја започнеме магијата наречена Игри без граница,ќе бидете дел од приказната која траеше 53 години. Градот беше неколку пати домаќин на Игри без граници- големо телевизиско шоу под покровителство на Евровизија,кое траеше од 1965-99 година.Сан Марино е земја на преубави видиковци,а богатото историско наследство и импресивна архитектура,го прави Сан Марино  дестинација која мора и вреди да ја посетите.Ѕидините на градот кријат 3 тврдини.За најубавиот поглед кој го одзема здивот, ќе се искачиме на врвот на Тврдината Castello della Cesta,а ќе ја посетиме и втората Тврдина Rocca Guaita.Ќе имате можност да видите и многу музеи и атракции,како Porta San Francesco,Palazzo Publico, Basilica del Santo и најстарата градба-Црквата Св.Франческа , ќе дознаете зошто самострелот отсекогаш бил значаен дел од историјата на Сан Марино,но и местото пред кои многумина се двоумат да влезат-Музејот на Тортурата,како и  Passo delle Streghe…по планираната пауза за факултативен ручек или едноставно уживање во убавините на Сан Марино и апсорбирање на впечатоците и приказните кои малкумина ги знаат,се упатуваме кон Римини.Римини важи за едно од најпосетуваните места во Италија,со најдолга плажа,но и град на уметноста со повеќе од 22 века историја.Во дел од  уникатното и неспоредливо наследство и парче од италијанската историја,ќе може да уживате во стариот дел на градот при посетата на Тибериевиот Мост – сведок на римскиот период и владеењето на Императорот Август над р. Marecchia,Храмот Малатеста ,Arco d’Augusto-симболот на градот изграден од камења од Истра…сето тоа низ приказните поврзани со градот од Цезар до Франческа,Паладио и Фелини,кои со векови живееат во срцето на градот…По завршување на краткиот разглед на стариот дел на Римини,се упатуваме кон Хотелот.Ноќевање.

4.Ден 01.05.2023 (Понеделник)  РИМИНИ – ИТАЛИЈА ВО МИНИЈАТУРА – ТРСТ- СКОПЈЕ

Појадок.Напуштање на собите. Дали некогаш сте замислиле сите убавини на Италија,да можете да ги видите на едно место? А на Европа? Да ги видите Дуждовата Палата,Кривата Кула во Пиза,Рим,Палатата од Римини,Ватикан,Милано…?Да ги видите Алпите,Холандија,Белгија,Данска…да сте за миг помеѓу 273 Италјански и Европски архитектонски чуда,повеќе од 5,000 бонсаи дрвца,егзотични птици…?Ќе го видиме Пинокио,ќе се возиме по Големиот Канал во Венеција и уште многу ,многу изненадувања кои ќе Ви останат засекогаш во сеќавањето и ќе Ве вбројат во едни од 400,000 посетители на најпознатиот парк Италија Во Минајатура.На повеќе од 85.000 метри квадратни,заедно со Европа во Минијатува,паркот едноставно нуди уживање и забава за секого.По слободното време,ќе се упатиме кон пристанишниот град Трст,на обалата на Јадранското Море-град кој има богата историја,во текот на која бил во сопственост на различни држави и монархии.На Плоштадот на обединувањето (Piazza dell’Unità d’Italia),изграден во најголем дел за време на Хабсбуршката монархија,каде што се наоѓа Градското Собрание,Фонтаната на четирите континенти,како и многу други историски значајни градби,ќе имате можност да одморите пиејќи кафе Illy во некоја од кафетериите(наша препорака- Caffe dei Specchi.) и да уживате опкружени со прекрасен поглед.

Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5 Ден 02.05.2023 (Вторник)  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот

~ До 15.04  ПРОМО цена 139 евра ( 8.618 денари )

~~ Редовна цена 169 eвра ( 10.478 денари )

 *Цените се изразени во евра , а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандрардизиран туристички автобус Скопје-Римини-Скопје
  • Сместување во хотел на база на две ноќевања со  појадок во Хотел во Riccione – Римини
  • Лиценциран туристички пратител/водич за време на целото патување
  • Комплетна организација и водство  на патувањето

 Во цената не е вклучено:

  • 75 еур пакет факултативни посети(разгледи и трансфери до градовите/местата кои се вклучени во факултативните посети со специјализиран водич)
  • Италија во Минијатура – разглед со вклучена влезница за Италија во Минијатура,Мала Европа + карти за возење по Големиот Канал – Венеција,возење со монореил,Старата Пилана со кану, Cannonacqua,Научниот павиљон, Pappamondo,Кулата со рингишпил,Пинокио
  • Сан Марино- (разглед и вклучена влезница за Тврдините Rocca Guaita и Torre Cesta)
  • Падова(разглед)
  • Римини(разглед)
  • Трст (разглед)
  • Палманова аутлет(опционално)

Не е вклучено  во цената :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса 3 евра по особа за двете ноќевања
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се опфатени во програмата
  • Влезници во Музеи,Катедрали,други културно-историски знаменитости и сл.
  • Избор на седиште (10 евра) минимум 2 седишта,од кои првиот ред е резервиран за персоналот

Напомена:

  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
  • Поаѓањето е од Скопје
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата со авансна или целосна уплатa (првиот ред е резервиран за персоналот)
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3  дена пред поаѓање
  • Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија и Италија, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
  • Агенцијата не одговара за брзината и квалитетот на интернетот во хотелот
  • Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 30% плус на основната цена
  • Агенцијата го задржува правото,последните соби да ги продаде по пониска цена од регуларната
  • Се патува исклучиво со Пасош со важност не помала од 6 месеци пред денот на враќање
  • Агенцијата го задржува правото за измени на редоследот на посетите доколку тоа е потребно

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*