Комплекс Кораб Трница

                      

TRNICA3

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот нуди можност за одмор во сместувачки капацитети кои се состојат од апартмани, соби и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби  и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, вино… Сите соби располагаат со сопствен тоалет.

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема.

*Истакнатите цени се важечки за период по  15.03

Двокреветна соба

  • ноќевање (од недела до четврток) 1950 денари
  • ноќевање (петок, сабота и неработни денови) 2150 денари

Апартман за 4 лица со спална и дневна

  • ноќевање( од недела до четврток) 2400 денари
  • ноќевање( петок, сабота и неработни денови) 2750 денари

Планинските куќички со капацитет од 2 лица, во летен период кога не се користи греење

  • ноќевање (од недела до четврток) 1700 денари
  • ноќевање (петок, сабота и неработни денови) 2050 денари

Во другите сезони цената на планинските куќички е иста со собите

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*