МАГИЧНА ИТАЛИЈА (10.03-14.03)
МАГИЧНА ИТАЛИЈА (10.03-14.03)
(МИЛАНО-ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-ТРСТ)
1.Ден 10.03.2023 (Петок) поаѓања од ТЕТОВО и СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот на Хотел ВИП во Скопје (наспроти поранешен Саем) во 12:00 часот,(од Тетово во 11:00 часот).Поаѓање за Италија во 12:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности
2.Ден 11.03.2023 (Сабота) ТРСТ – ПАЛМАНОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Првиот ден од престојот во Италија,го започнуваме со утринска посета на пристанишниот град Трст,на обалата на Јадранското Море-град кој има богата историја,во текот на која бил во сопственост на различни држави и монархии.На Плоштадот на обединувањето (Piazza dell’Unità d’Italia),изграден во најголем дел за време на Хабсбуршката монархија,каде што се наоѓа Градското Собрание,Фонтаната на четирите континенти,како и многу други историски значајни градби,ќе имате можност да одморите пиејќи кафе Illy во некоја од кафетериите(наша препорака- Caffe dei Specchi.) и да уживате опкружени со прекрасен поглед.Потоа ќе се упатиме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village и по паузата за шопинг од околу 2 часа,ќе продолжиме кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 12.03.2023 (Недела) – МИЛАНО
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Лидо или можност за првата факултативна посета-Милано.Градот важи за град на модата,град на гламурот,магнет за дизајнери, архитекти,космополитски град,најмодерен од сите италијански градови, каде и атмосферата е поинаква во секаква смисла. Милано е град кој целиот пулсира од возбудувања,а продавниците му даваат единствена фасцинација.Тој е многу повеќе од главен град на Ломбардија и град на модата.Неколку светски историски градби се наоѓаат во самиот центар.При нашата посета на Милано,ќе имате можност да ја видите Грандиозната Катедрала Duomo di Milano која остава без здив,вистински симбол на градот.Создавана 5 века, во оригинален готски стил,со фасадата изработена од мермер на која има 135 врвови,3.255 статуетки и 3.600 сцени и фигури на прозорците и барокната статуетка од злато Madonnina (Дева Марија) која е висока 416 см. Миланската Катедрала плени со убавина. Виктор Емануел (Galleria Vittorio Emanuelle) –Галеријата, односно трговскиот центар ,претставува затворен пасаж кој ги поврзува плоштадот Дуомо и Плоштадот Скала. Во неа се сместени ексклузивни ресторани, кафе барови, книжарници, продавници за накит и ексклузивните продавници на Прада, Луј Витон,Масимо,Гучи… Движејќи се низ Галеријата Виктор Емануел, разгледот ќе го продолжиме до Плоштадот Скала, во чие средиште се наоѓа споменикот на Леонардо да Винчи,а спроти него- прочуената и престижна миланска оперска куќа Скала(Teatro alla Scala). Изградена е на темелите на Црквата Санта Мариа а ла Скала и го задржала нејзиното име до денес. За разлика од одмерената и воздржана надворешност, ентериерот се карактеризира со голема раскошност.Од убавините на Милано,ќе имате можност да го видите и Замокот Сфорца(Castello Sforzesco).Заедно со Катедралата,замокот Сфорца е несомнено најавтентичниот и најпознат симбол на градот. Денеска импресивните простории на замокот претставуваат музеј каде што се наоѓаат скулптури,фрески и мозаици од 4 до 11 век, потоа музички инструменти, недовршената мермерна статуета Пиета Ронданини на Микеланџело од 1564 година, колекција од мебел,скулптури и слики од Филипо Липи, Леонардо да Винчи, Тицијан, Тинторето…(наша препорака во слободното време, да се напиете “ Кампари” со поглед на Дуомо(во кафе ресторан Camparini).Враќање во Лидо ди Јесоло.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4.Ден 13.03.2023 (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот и одјава од хотелот, се упатуваме на факултативна посета на Венеција-градот на мистеријата и романтичните легенди.( организран трансфер со брод – вапорето).За Венеција не треба посебно претставување, таа е позната како Серенисима (најмирна) Венеција и има моќ да ги воодушевува сите оние кои прв пат доаѓаат и оние кои повторно се враќаат кај неа. Препознатливите канали,гондоли и мостови, неверојатниот микс на традицијата и модерното,при секоја средба со овој град,носат неверојатно возбудување.…Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде,се дел од она што ќе го видите и на што ќе можете да се воодушевувате при посетата на Венеција…Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи.Во договорено време(повторно со брод)се упатуваме кон Punta Sabbioni од каде продолжуваме кон градот на вечната љубов-Верона.Ќе ја видите Арената,ќе прошетаме по Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе до куќата на Јулија (Casa di Giulietta )… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи.Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5.Ден 14.03.2023 (Вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
Цена на аранжманот
~ До 10.02 ПРОМО цена 119 евра ( 7.378 денари )
~~~ Редовна цена 139 eвра ( 8.618 денари )
Цените се изразени во евра , а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност
Во цената е вклучено:
- Превоз со стандрардизиран туристички автобус Скопје–Лидо ди Јесоло-Скопје
- Сместување во хотел на база на две ноќевања со појадок во Лидо
- Лиценциран туристички пратител/водич за време на целото патување
- Комплетна организација и водство на патувањето
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- 80 еур пакет факултативни посети(разгледи и трансфери до градовите кои се вклучени во факултативните посети со специјализиран водич)
- Трст
- Милано
- Венеција ( со вклучена карта за брод – вапарето)
- Верона
- Палманова аутлет
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци кои не се опфатени во програмата
- Влезници во Музеи,Катедрали,други културно-историски знаменитости и сл.
- Избор на седиште (10 евра) минимум 2 седишта,од кои првиот ред е резервиран за персоналот
Напомена:
- За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
- Поаѓањето е од Скопје
- Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
- За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
- Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија и Италија, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
- Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
- Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)
- За еднокреветна соба се доплаќа 30% од сумата
- Агенцијата го задржува правото,последните соби да ги продаде по пониска цена од регуларната
- Се патува исклучиво со Пасош со важност не помала од 6 месеци пред денот на враќање
Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог: