НЕА ПОТИДЕА

ВИЛА АНАСТАСИЈА-70 м.од најубавиот дел на плажата во Неа Потидеа и шеталиштето

                                                 

Потидеа е првото место на кое ќе наидете кога ќе пристигнете на полуостровот Касандра од Солун.Поделена е на нов и стар дел . Неа Потидеа или новиот дел е поврзан и со Неа Муданја со долга плажа која се простира со километри од двете страни на полуостровот.Неа Потидеа е едно од помалите одморалишта, препорачано за семејства со мали деца и парови на кои им е потребен мир и релаксација.

Има две шеталишта со продавници, барови, таверни и игротеки за деца. Речиси сите игротеки се во барови, но  има и игротека  на отворено со  забавен парк и  уште два помали паркови со лулашки за деца. Децата во Неа Потидеа секогаш уживаат.

Плажата е многу долга и широка.90 % плажата е песочна на брегот и во водата, со постепена длабочина.Неа Потидеа ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.Со оглед на фактот дека плажата е многу долга, има делови од плажата со пократок гребен и до длабочината се достигнува побрзо. Има многу барови кои нудат лежалки и чадори со купен пијалок, но поголемиот дел од плажата е достапен за посетителите со сопствена опрема.Поради големината и должината, плажата речиси никогаш не е преполна

Старата Потидеја е густо населена со локално население и до неа можете пешки. Има пекари, аптеки и продавници за вкупно околу 1000 постојани жители. Стариот дел од градот излегува на запад, додека новиот – туристичкиот дел излегува на источниот брег на Полуостровот-гледа према вториот крак Ситониа.

Во Неа Потидеа ќе најдете три добро снабдени супермаркети,а за поширок избор, можете да отидете во стариот дел на градот. Таму има неколку пекари, меѓу кои и пекарата Лемонис.За поголеми набавки може да отидете во Неа Муданија (6 км) со Лидл покрај автопатот и добро опремениот пазар Масутис во градот. Во Неа Муданија ќе најдете многу други атракции, па можете да ја посетите на вечерна прошетка, забава или шопинг.

Рибните пазари се во стариот дел на Потидеа, додека во новиот дел можете  свежа риба да набавите од комбињата кои секојдневно минуваат низ него. Цените се исти како во рибниците.

Неа Потидеа може да биде одлична основа за посета на Касандра, Солун и Ситонија. Центарот на Солун е оддалечен околу 65 километри, аква паркот Waterland, Cosmos, Mega Outlet и Ikea на околу 55 километри, Никити на Ситонија е околу 43 километри, а со тоа и некои од најубавите плажи- Агиос Јоанис (47 км), Ковиу (48 км), Трани Амуда (50 км), Лагониси (51 км) и Лагомандра (56 км). За турнеја низ Касандра, Неа Потидеа е исто така добра почетна позиција поради нејзините прекрасни места на располагање и на источниот и на западниот брег. Сани со одлична плажа е оддалечен само 17 км. Афитос е многу интересно место на Касандра што вреди да се посети и е оддалечено само 15 километри, а Калитеа со својата чудесна плажа е оддалечена околу 17 километри од Неа Потидеа.

ВИЛА АНАСТАСИЈА-Се наоѓа на 70 м.од најубавиот дел на плажата во Неа Потидеа и шеталиштето

Сите сместувачки единици ( и апартманите, студиото и дуплексот ) имаат комплетно опремена кујна , сопствено купатило , ТВ , интернет ,клима вклучена во цената.

Цените во табелата се изразени во евра  и се однесуваат на наем за 7 ноќевања .

Можност за повеќе ноќевања вон термините , на Ваше барање.

Плаќањето се врши во денарска противредност.

 

 ЦЕНОВНИК за НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА

 

ТЕРМИН

АПАРТМАН

или СТУДИО

(максимум до  5  особи)

ДУПЛЕКС

(максимум до 8 особи)

04.06 – 11.06

315

460

11.06 – 18.06

325

470

18.06 – 25.06

335

480

25.06 – 02.07

345

550

02.07 – 09.07

405

565

09.07 – 16.07

415

575

16.07 – 23.07

445

585

23.07 – 30.07

445

585

30.07 – 06.08

455

585

06.08 – 13.08

455

585

13.08 – 20.08

455

585

20.08 – 27.08

415

575

27.08 – 03.09

340

515

03.09 – 10.09

270

405

Апартман бр.10 (на втор кат – тераса со поглед на море ) 2+1+2 + можност за помошно легло за 6-та особа.(Во спалната соба има брачен лежај и единечен кревет , во дневната има лежај на расклопување за 2 особи ,а може да се додаде и помошен кревет за 6-та особа по потреба)

Апартман бр.8 (на втор кат – 2 тераси од кои едната е  со поглед на Море) 2+2+1(во спалната соба има брачен лежај,со можност за дополнително легло за 1 особа  и во кујната има лежај на расклопување за 2 особи )

Студио  бр.6  ( прв кат – голема тераса со поглед на две страни – на задна страна и на предна влезна страна  на вилата ) 2+2( два брачни лежаи )

Апартман бр.4 ( прв кат – тераса од предна страна на вилата )2+1+2( во спланата соба има  брачен лежај и единечен кревет , а во кујната има кревт на развлекување за 2 особи )

Апартман бр.2 ( први кат – тераса со поглед на задна страна) 2+1 (има брачен лежај во спалната соба + единечен кревет во кујната )

Дуплекс бр.11 (со двор )(2+1)(2+1)+1+1 можност за помошен кревет +1 помошен во кујна(Во едната спална има брачен лежај и единечен кревет ; во втората спална соба има  брачен лежај и единечен кревет и можност за помошно легло + 1 особа може да спие на кауч во кујна )

Апартман бр.12 (со двор ) (2+2) +2(2 брачни кревети во спалната соба + лежај на развлекување за 2 особи во кујната)

 

*Агенцијата не одговара за брзината и квалитетот на интернетот

*Куќниот ред го одредува сопственикот на Вилата

2 Comments

  1. Zdravo
    me interesira dali i ovaa ponuda vazi vo ponudite sto vi se dadeni vo sorabotka so SportLife

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*