ОСТРОШКИ МАНАСТИР

МАНАСТИР ОСТРОГ И БУДВА

1690 денари

Термини во месец Септември 

– 02.09 – 04.09.2022
– 09.09 – 11.09.2022
– 23.09 – 25.09.2022

Програма :

Ден 1 – (Петок)

  • Состанок на групата на Дрво Декор во 22:30 часот

  • Поаѓање за Црна Гора во 23:00 часот

  • Ноќно возење преку Косово и Албанија, со попатни паузи за одмор и царински формалности

Ден 2 – (Сабота)

  • Патувањето го продолжуваме кон Острошкиот Манастир.Сместен на 900 метри н.в.,Острошкиот Манастир е едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Само во текот на летните месеци Јули, Август и Септември, го посетуваат помеѓу 250 000 и 3000 000 верници и посетители, што го прави најголемо православно светилиште, не само на подрачјето на Балканот  туки и во целата Европа.Врежан во карпите, основан од Митрополитот Василије Острошки во XVII век.,денес е свето место на кое се поклонуваат и спас бараат многумина,а за чудата кои се случуваат за време и по посетата на Манстирот,постојат неброени сведоштва.Издлабен во карпа,Манастирот ги чува моштите на Свети Василије Острошки чудотворец, а самиот манастирски комплекс го сочинуваат два Манастири,изградени во различни историски периоди.

  • * Горниот манастир кој е постар и го сочинуваат Црквата посветена на Воведение на Пресвета Богородица-каде почива телото на Светителот и Црквата Воздвижение на Светиот Крст-изграден од самиот Свети Василије во 1665 год. 

  • * Долниот Манастир го изградил острошкиот Архимандрит Јосиф во 1820 год. по благословот на Митрополитот Свети Петар Цетињски. Централниот дел на Манстирскиот круг го краси Соборниот Храм посветен на Света Тројца.Над  Долниот Манастир во 2004 год. е изградена Црква посветена на Светиот маченик Станко,во која се наоѓаат неговите мошти. Во неа секојдневно се обавуваат крштевки.

    • Ноќевање во Манастирот.

Ден 3 – (Недела)

  • По Светата неделна утринска литургија се упатуваме кон Будва, каде ќе имате слободно индивидуално време за прошетка во стариот град на Будва, можност за посета на Словенска Плажа и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан.

  • Во договорено време собирање на групата и поаѓање за Скопје.

  • Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената вклучува:

  • 1 ноќевање во Манастирот

  • Превоз со високотуристички автобус или мини бус

  • Посета на Будва

  • Лиценциран пратител во текот на целото патување

  • Комплетна организација и реализацијa на аранжманот

Цената НЕ вклучува:

  • Туристичка такса (1 евро за посета на Манастирот Острог)

  • Превоз со комбињата  до Манастирот ( се плаќа дополнително,на лице место)

  • Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНА :

* За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
* Се патува преку Косово и Албанија (по новиот автопат)

*Избор на место за седење се доплаќа 10 евра ( во денарска противвредност),минимум 2 седишта

*Зареализација се потребни минимум 40 патници

*Агенцијата го задржува правото доколку нема доволен број на патници,да ја спои групата со друга агенција која ја има во понуда истата програма

 

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*