РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА 17-18.09

РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА 17-18.09

( со посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица )


 

 

1 ден-17.09 (сабота )

  • 6:15h Состанок на групата на паркингот  пред  Хотел  ВИП (наспроти поранешен Саем)
  • 6:30 h Поаѓање  од  Скопје  со стандардизиран туристички автобус или мини бус.Патување кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Патувањето го продолжуваме кон Србија
  • Посета на Манастирот “Покров на Пресвета Богородица”од 14 век-еден од најчудесните и најубавите Манастири во Србија,каде се чува честица од Чесниот Крст и каде ќе можете да се поклоните на моштите на многу светци како Св.Јован Лешјански,Св.Флавијан,Св.Кнез Лазар,Св.Фелицијана и други.Манастирот изобилува и со лековити извори.
  • Во попладневните часови пристигнување во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ
  • Слободно време за користење на базените и Спа центарот,како и  уживање во убавините на комплексот
  • Ноќевање

2 ден-18.09 (недела)

  • Појадок
  • Одјава од хотелот
  • Прошетка до селото  ’Ртањ со посета на местото кое е познато по космичката енергија-“Светилиште” и е единствено во Европа.Запознавање со  планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите  древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога Планината Ртањ ја посетувал и  самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија.Денес ,тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ
  • Посета на местото на загинатите рудари
  • Поаѓање кон Скопје во попладневните часови
  • Кратка посета на ЛИДЛ- Врање
  • Пристигнување во Скопје во вечерните часови

 

                                                       цена 65 евра (за резервација до 10.09)

                                                                                                              Редовна цена 79 евра

Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје-Ртањ-Скопје
  • Комплетна организација и реализација на програмата
  • Лиценциран туристички придружник за време на целото патување
  • Ноќевање со појадок во Етно Спа Комплекс Балашевиќ-Ртањ
  • Користење на Спа центарот ( отворен и затворен базен,отворено џакузи,солена соба,парна бања,аква парк )

Во цената не е вклучено :

  • Пакет факултативи 10 евра (Посета на Манастирот “Покров на Пресвета Богородица”,Посета на с.Ртањ и  местото каде се спојуваат 3те енергии-Светилиште,водич)
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни  ручеци и вечери
  • Индивидуални трошоци
  • Сауна и масажи во Спа Центарот
  • Избор на седиште во минибус или автобус 10 евра (минимум 2 седишта)

 

НАПОМЕНА

  • За реализација на патувањето се потребни минимум 20 патници
  • Може да се патува само со лична карта
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува 15 евра
  • Цените се дадени во евра (1 евро = 62 мкд )
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност
  • Секоја соба е опремена со ТВ,телефон,пешкири,сет за туширање и фен за коса
  • Пешкири за Спа Центарот се подигнуваат од рецепција

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*