ХЕЈ СЛОВЕНИ 22-25.10

                                     ХЕЈ СЛОВЕНИ

            = ПО ПАТЕКИТЕ НА ДРУГАРОТ ТИТО =22.10-25.10.2022= 

  

 

Ден  1 – сабота– 22.10.2022

  • Собир на групата на паркингот пред Х.ВИП ( наспроти поранешен Саем )во 01:30 часот
  • Поаѓање за Белград во 02:00 часот
  • Патување со попатни паузи за одмор и гранични формалности
  • Пристигнување во Белград и посета на Куќата на Цвеќето,каде се наоѓа гробот на Тито
  • Патувањето го продолжуваме кон Ужице поранешно Титово Ужице, каде ќе го посетиме Музејот на Ужичката Република и Народниот Музеј-Музејот на Востанието од 1941 год.
  • За време на германската окупација на Втората Светска војна во 1941 година, Ужице беше привремено ослободена од партизани. Музејот на востанието е во зградата која служела како седиште на партизаните. Ужице била прва слободна територија и центарот на востанието во Југославија каде било сместено военото и политичко раководство , но исто така и град каде бил објавуван весникот Борба. Во 1941 година, партизанската фабрика за оружје и муниција била единствената фабрика во окупираниот дел на Европа каде се произведувало оружје за борба против фашизмот.
  • По завршување на посетата на Ужице,патувањето го продолжуваме кон Сараево
  • Сместување во Мотел со 3* во Сараево
  • Слободното време ( предлагаме да направите краток одмор во кафе барот”Кафе ТИТО”)
  • Ноќевање

Ден  2 – недела – 23.10.2022

  • Појадок
  • По појадокот се упатуваме кон Јајце , градот во кој е одржано Второто заседание наАВНОЈ на 29 и 30 ноември 1943 година

Посета на Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ– на ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија и  направен план за изработување на Уставот на идната Југославија како Федеративна и Демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ во Јајце ,присуствувале 142 делегати а на Тито му била додадена придавката Маршал на Југославија

  • Враќање во Сараево
  • По краток одмор,се упатуваме на разглед на градот
  • Ноќевање

                 

Ден 3 – понеделник – 24.10.2022

  • Појадок
  • Одјава од хотелот
  • Се упатуваме кон Меморијалниот комплекс
  • Комплексот е посветен на Битката на Неретва за време на Втората светска војна. Историскиот културен пејзаж во кој се сместува Музејот на „Битката за ранетите на реката Неретва во Јабланица“ денес е спомен комплекс поврзан со четвртата непријателска офанзива – настан што се случи во февруари и март 1943 година, спасен од припадници на единиците на ЈНА над 4000 повредени и болни .Меморијалниот мост е највредната музејска поставка како сведоштво за специфичните тактики на партизанско војување и една од најхуманите битки во Втората светска војна. Самиот музеј беше отворен од Јосип Броз Тито на 12 ноември 1978 година за одбележување на 35-годишнината од битката.
  • Патувањето го продолжуваме кон Коњиц со посета на Титовиот БункерТитовиот Бункер остана државна тајна до распадот на СФРЈ во раните 90-ти. Изграден е помеѓу 1953-1979 година во рид во подножјето на планината Златар и е најголемото атомско засолниште и една од најголемите подземни структури изградени во поранешна Југославија.Командата за атомска војна, позната и како АРК или Бункерот на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 члена на неговиот непосреден круг во случај на нуклеарна војна.
  • Патувањето го продолжуваме кон Вишеград и Мостот на Дрина.
  • Шарганска Осмица
  • Патувањето го продолжуваме кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични процедури
  • Пристигнување во Скопје

Цената вклучува :

-Превоз со високо туристички автобус (или минибус) на релација Скопје-Србија- БиХ- Скопје

-2 ноќевања со појадок  – шведска маса во Сараево (Мотел со 3* )

-Комплетна организација, водство и претставник од Т.А.Метрополитан Травел

– Лиценциран туристички придружник за време на целото патување

 

  • Факултативи : 45 евра

Во цената на факултативите се опфатени влезници во сите наведени Музеи ,објекти, разгледи,посети опфатени во патувањето,трансфер до местата и водич

  • Посета и влезница во “Куќата на Цвеќето”
  • Музејот на Ужичката Република
  • Музејот на Востанието од 1941 год
  • Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ
  • Титовиот Бункер
  • Музејот на „Битката за ранетите” на р. Неретва
  • Разглед на Сараево
  • Шарганска Осмица-Од „Ћира“ до „Носталгија“
  • Посета на Мостот на Дрина
  • Посета на Ужице
  • Посета на Јајце
  • Посета на Коњиц
  • Посета на Јабланица
  • Избор на место на седење , се доплаќа 10 евра по особа,минимум 2 седишта . (Првиот ред е резервиран за организаторот и реализаторот на патувањето и не може да се резервира со доплата)
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени од страна на агенцијата во програмата која се реализира

** за реализација на турата се потребен минимум 30 патници

 

                                             Промотивна цена до 20.0999 евра по особа

*Редовната  цена изнесува 129 евра*

Можност за плаќање на 3 рати (последна рата 2 недели пред поаѓање)

*цените се дадени во евра,плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1 евро= 62 мкд.

  • Редоследот на седењето во автобусот/минибусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање
  • Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија , но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
  • Агенцијата нема одговорнос, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
  • Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 30% од сумата
  • Агенцијата го задржува правото последните соби да ги продаде по пониска цена од регуларната

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*