ХЕЈ СЛОВЕНИ-25 мај-Ден на младоста

=ДЕНОТ НА МЛАДОСТА-ПО ПАТЕКИТЕ НА ДРУГАРОТ ТИТО =

(Крагуевац,Белград,Сараево,Коњиц,Ужице)

Програма :

Ден  1 – ЧЕТВРТОК– 25.05.2023

  • Собир на групата на паркингот пред Х.ВИП ( наспроти поранешен Саем )во 00:40 часот
  • Поаѓање кон Крагуевац во 01:00 часот
  • Патувањето ќе се одвива со попатни паузи за одмор и гранични формалности
  • За почеток на оваа тура,по пристигнување во Крагуевац ќе ги посетиме Музејот и Спомен паркот Крагујевачки Октобар”- Шумарице.Спомен паркот се протега на 352 хектари и е меморијален историски комплекс посветен на 2796 жртви од Крагуевац и околните села,кои во 1941 година биле стрелани од германскиот окупатор и силите на Вермахтот.Една од десет скулпторално-архитектонски целини – Споменикот на  стреланите ученици и професори, прерасна во  општепознат симбол на градот. Потоа ќе продолжиме кон Белград,каде ќе ја посетиме “Куќата на Цвеќето” и гробот на Тито, сето тоа збогатено со многу нови приказни од животот на Маршалот…
  • По завршување на посетата ,патувањето го продолжуваме кон Сараево
  • Сместување во Хотел во Сараево
  • Слободното време
  • Ноќевање

Ден  2 – ПЕТОК – 26.05.2023

  • Појадок
  • По појадокот се упатуваме кон Музејот на „Битката за ранетите на реката Неретва во Јабланица“
  • Комплексот е посветен на Битката на Неретва за време на Втората светска војна. Историскиот културен пејзаж во кој се сместува Музејот на „Битката за ранетите на реката Неретва во Јабланица“ денес е спомен комплекс поврзан со четвртата непријателска офанзива – настан што се случи во февруари и март 1943 година, спасен од припадници на единиците на ЈНА над 4000 повредени и болни .Меморијалниот мост е највредната музејска поставка како сведоштво за специфичните тактики на партизанско војување и една од најхуманите битки во Втората светска војна. Самиот музеј беше отворен од Јосип Броз Тито на 12 ноември 1978 година за одбележување на 35-годишнината од битката.Потоа ќе се упатиме кон Коњиц,каде ќе имаме слободно време да уживате во стариот дел на градот до поаѓање кон Сараево
  • По пристигнување во Сараево,се упатуваме на разглед на градот
  • Враќање во хотел
  • Ноќевање

Ден 3 –САБОТА – 27.05.2023

  • Појадок
  • По одјава од хотелот,нашето патување ќе го продолжиме кон Ужице поранешно Титово Ужице. Попатно,ќе направиме кратка пауза кај Мостот на Дрина и ќе имате можност да чуете некои од преданијата за истиот.Во Ужице пак, ќе го посетиме Музејот на Ужичката Република и Народниот Музеј-Музејот на Востанието од 1941 год.
  • За време на германската окупација на Втората Светска војна во 1941 година, Ужице беше привремено ослободена од партизани. Музејот на востанието е во зградата која служела како седиште на партизаните. Ужице била прва слободна територија и центарот на востанието во Југославија каде било сместено военото и политичко раководство , но исто така и град каде бил објавуван весникот Борба. Во 1941 година, партизанската фабрика за оружје и муниција била единствената фабрика во окупираниот дел на Европа каде се произведувало оружје за борба против фашизмот.
  • По завршување на посетите на Музеите,патувањето го продолжуваме кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични процедури
  • Пристигнување во Македонија во утринските часови на 28.05.2023 (НЕДЕЛА)

***Промотивна цена до 10.04 =  99 евра (6138 денари по особа)

*Редовната  цена изнесува 109 евра*(6758 денари по особа)

  • *цените се дадени во евра,плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1 евро= 62 мкд.

 Цената вклучува :

  • -Превоз со високо туристички автобус (или минибус) на релација Скопје-Србија- БиХ- Скопје
  • Две ноќевања во Сараево со  појадок на база на шведска маса
  • Лиценциран туристички пратител/водич за време на целото патување
  • Комплетна организација и водство  на патувањето
  • Туристичка такса

Факултативи : вкупно 55 евра

Во цената на факултативите се опфатени сите влезници наведени во програмата (во сите наведени Музеи ,објекти, разгледи,посети опфатени во патувањето) како и трансфер до местата и специјализиран водич,а тоа се :

  • Посета и влезница во Музејот Крагујевачки Октобар-Крагуевац
  • Посета на Спомен-паркот Крагујевачки Октобар-Крагуевац
  • Посета и влезница во “Куќата на Цвеќето-Белград
  • Посета и влезница во Музејот на Ужичката Република – Ужице
  • Посета и влезница во Музејот на Востанието од 1941 год. – Ужице
  • Посета и влезница во Музејот на „Битката за ранетите на р. Неретва
  • Разглед на Сараево
  • Коњиц

Цената не вклучува

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени од страна на агенцијата во програмата која се реализира
  • Можен трансфер со доплата (од Прилеп,Кавадарци=15 евра,Велес 10 евра)

Напомена:

  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
  • Може да се патува само со лична карта
  • Избор на место на седење , се доплаќа 10 евра по особа,минимум 2 седишта . (Првиот ред е резервиран за организаторот и реализаторот на патувањето и не може да се резервира со доплата)
  • Поаѓањето е од Скопје,со можност за организација на трансфер од други градови,со доплата
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3  дена пред поаѓање
  • Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез од/во Македонија,Србија и БиХ, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
  • Доколку дојде до одредена штета во хотелот или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*