Бурса-Ескишехир-Турска Венеција (21-25.04)


tr1
tr2
tr3
tr4

Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија на падините на планината Улудаг висока околу 2.500 метри во јужниот дел на Мраморскиот регион.Во минатото градот бил центар на производството на свила. Денес најпозната знаменитост поврзана со свилата е „Каза Ан“, кој од 1490 година е центар на трговијата со свила. Зградата располага со 95 соби. На горниот кат може да се купи речиси сè – од свилени марами до постелнина и облека со традиционалните турски мотиви.Денеска, во градот се одржува Саем на меѓународниот текстил.Освен автомобилска и текстилна индустрија, градот е познат и по производство на млечни производи, преработена храна и пијалаци.

1 ден 21.04.2022 (четврток ) Кавадарци-Велес -Скопје-Куманово- Бурса

  • Тргнување на групата во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку Бугарија со нoќно возење и царински формалности

2 ден 22.04.2022 (петок) Бурса

  • Пристигнување во Бурса во утринските часови..
  • Панорамски разглед на Бурса и првиот главен град на Отоманската империја. Посета на Зелената џамија која е изградена во 15 век.Карактеристична е нејзината внатрешност која е украсена со зелен мермер .Во склоп на џамијата е и гробницата на Султан Мехмед и Ѓелеби заедно со семејството. Во близина се наоќа и мостот Ирганди. Се тврди дека мостот е еден од четирите мостови во светот кои имаат продавници. Разглед на градот – познатата Ули Џамиja со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста. Паркот Топхане своето име го носи по историските топови во овој парк. Во минатото, овие топови беа експлодирани за да се информираат за време на ифтар и сахур за време на Рамазан. Во паркот Топхане се наоѓаат Саат кулата, гробниците Осман Гази и Орхан Гази како и историските топови. Посета на Коза Хан – „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами – вистинско уметничко дело. Слободно време за шолја миризлив турски чај Можност за ручек во типичен локален ресторан со познатиот специјалитет на Бурса – Искендер ќебап .Слободно активности.Ноќевање.

03 ден 23.04.2022 (сабота) Бурса – Ескишехир – Бурса

  • Појадок.Поаѓање и пристигнување во Ескишехир – познат и како „турска Венеција“, родното место на Насрадин Хоџа. Денес тој е модерен и просперитетен град и четврти по големина универзитетски центар во светот со речиси 2 милиони студенти. Разгледување на Ескишехир – етнографскиот комплекс „Одунпазар“ Куршунлу Џамија, Кент Парк со вештачка плажа. Слободно време за возење со гондола/ брод по вештачки ископаните канали на реката Порсук, слично на Венеција (навечер мостовите над каналите светат во различни бои).
  •  Факултативна екскурзија: Полудневна екскурзија до паркот Сaзова каде што е импресивниот замок од бајките, кој потсетува на Дизниленд. Aзиската минијатура со 32 модели , најновата зоолошка градина „Ескишехир“ со 234 животни, изградена во 2017 година – на територијата на зоолошката градина има Тропски истражувачки центар,јапонска градина, куќа на папагали и др. Враќање во Бурса. Ноќевање.

04 ден 24.04.2022 (недела) Бурса – Македонија

  • Појадок. Напуштање на хотелот .Можност за слободно време за уживање во Бурса и шопинг во многубројните продавници или посета на познатото село Чумаликизик .Чумаликизик е најстарото и најавтентичното село во Турција Заштитено е од УНЕСКО и во истото сеуште се запазени традиционалиниот муслимански начин на живеење.Село во кое се снимени многу турски серии.Поситителите ќе имаат можност да прошетат по тесните сокаци на селото да уживаат во шарените бои на куќите, малите продавнички како и рестораните со традиционална храна .Потоа со групата се упатуваме кон Македонија

05 ден 25.04.2022 (понеделник)

  • Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

Цена на аражманот : 7.000 промо цена до 15.03.2022

Редовна цена на аранжманот: 7.500 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Кавадарци – Бурса – Скопје
  • Сместување во хотел 3* – 2 Ноќевања со појадок
  • Посета на Ули Џамија
  • Посета на Зелена Џамија
  • Паркот Топхане
  • Козан Хан
  • Професионален туристички пратител на групата
  • Професионален локален туристички водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на Бурса и локален водич –10 евра (задолжително);
  • Целодневен излет до Ескишехир (автобус +локален водич) +(влез во Паркот Сазова со зоолошка градина,аквариум и јапонска градина) 30 евра  (миниум 35 патници)
  • Посета на селото Чумаликизик 5 евра
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува 2.400.ден
  • Патничко здраствено осигурување 200 ден

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена

пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.

  • Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќање.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус,задолжително носење на заштитна маска

Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот

потребно е да се приложи еден од следните документи:

* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот

задолжително носете со вас, или

* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од

вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас,или

* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од

потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на

тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се

должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред

нивното патување на следниот линк: https://register.health.gov.tr

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од

01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица

(домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

1.Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од

вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина

против COVID-19;

2.Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена,

сметајќи од денот на оздравувањето;

3.Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2

тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;

4.Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу

48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација

или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат

упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на

престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*