Викенд на Јадран (1-ви Мај)

30.04-02.05

 Свети Јован или Шенгин е крајбрежно туристичко место и поранешна  општина во округот Леска, северозападна Албанија. Познат е по прекрасните      песочни плажи и летни одморалишта.

Ви нудиме тродневно уживање покрај Јадранско Море ,уживање во преубавиот ресторан на сама плажа, хотел кој е одличен за одмор и релаксирање ,долгата песочна плажа,појадок во ресторан на сама плажа. Искористете ги благодетите на Јадранот. Месец мај е одличен месец да поминете викенд во Шенгин .

 Hotel Molla се наоѓа на сама плажа , поседува бесплатен приватен паркинг и        сопствен ресторант на плажата.

Собите се опремени со сопствено купатило, ТВ со рамен екран, кабловска             ТВ, Wi Fi во целиот објект и во ресторанот на плажата,фрижидер,мини опремена летна кујна, клима вклучена во цената и секоја соба поседува тераса.Речиси сите соби се со поглед на Море.

  • 39 евра  ( 3 дена – 2 ноќевања со појадок ) – сопствен превоз
  • 59 евра (пакет2 ноќевања со појадок  и вклучен превоз)
  • Деца до 3 години – ГРАТИС

Програма 

30.04 (прв ден)

  • Собир на групата на паркинг на х.ВИП (наспроти поранешен Саем) во 4 30
  • Поаѓање за Шенгин во 5
  • Патувањето се одвива преку Косово , со предвидено време за гранични формалности  и попатни паузи за одмор
  • Планирано пристигнување и сместување во хотел,околу пладне
  • Слободно време
  • Ноќевање

1.05 (втор ден)

  • Појадок
  • Слободно време ( индивидуални активности)
  • Ноќевање

2.05 (трет ден)

  • Појадок
  • Слободно време до одјава од хотел во попладневните часови
  • Поаѓање за Македонија
  • Пристигнувањето е планирано  во вечерните часови

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*