Стара Нова Година во Бања”Св.Недела” 13.01.2024


БАЊА “СВЕТА НЕДЕЛА”-ЕКО ХОТЕЛ

ВАСИЛИЦА 13.01 – САБОТА

Ако постои чудо во Македонија, тоа е катлановскиот „извор на младоста“. „Катланово е котелот каде сонцето се раѓа. Ако нешто може да ме излечи, тогаш тоа е таму, помеѓу сонцето и водата“ – Јустинијан Први .Спојот на природните убавини,збогатени со уметничките вредности се надградува во една хармонија на природата и делото на човекот. Богатиот растителен и животински свет, прекрасните видици, патеки за прошетка и мноштвото термални извори,овозможуваат одмор и ревитализација, како и совршено физичко, духовно и културно доживување.

1950 денари 

Цената е по особа и  вклучува :

  • превоз , свечена вечера со музика во живо , Василичарска пита со паричка, користење на СПА центарот  и сауната , НЕОГРАНИЧЕНО ПИЕЊЕ

*** мени за вечера – мешана салата,пилешко филе во сос,катлановска плескавица со гарнир,десерт и НЕОГРАНИЧЕНО ПИЕЊЕ (ракија,пиво,вино – бело и црвено,водка,коњак,узо,сокови-газирани и негазирани)

Ресторанот „Св. Доминика“ се наоѓа во склоп на Хотелот и нуди широк асортиман на специјалитети од национална и меѓународна кујна, богат избор на локални и странски вина, пријатна атмосфера во традиционален, македонски амбиент.

Програма :

  • Собир на група во 11:40 од паркингот на Хотел ВИП ( наспроти поранешен Саем-East Gate)
  • Поаѓање кон Бања Св.Недела во 12:00 часот
  • По пристигнувањето,може да уживате во чистиот воздух ,да одморите или пак да го користите СПА центарот со термални води ( 32 степени ) – од пристигнувањето па се до 20:00 часот , кога е предвидено времето за вечера со музика во живо
  • Наградна игра – лотарија
  • Следува дочек на Стара-Нова Година,во прекрасен амбиент
  • Планирано поаѓање за Скопје по завршување на прославата,околу 01:30 часот

Цената не вклучува :

  • Масажи во СПА Центарот , кои се доплаќаат на лице место
  • Храна и пијалоци вон времето за прославата со вечера (од 20:00-00:00 часот )
  • Останати трошоци кои не се наведени во програмата

Пријавување најдоцна до 11.01 – местата се ограничени

2 Comments

  1. Temleraturata na vodata vo bazeno i od koga do koga e otvoren i golemina na bazenot

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*