ИСТАНБУЛ (20-24.04)

ГРАДОТ НА МАГИЈАТА,РЕАЛНОСТА И ФАНТАЗИЈАТА

Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул, кое име и да го споменете, се помислува на еден град. Метрополата  спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Тоа е град кој како ретко кој друг претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото но и денес и кои го привлекуваат вниманието на големиот број посетители.

Распространет е на протокот Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во прегратките на Тракија и Анадолија. Истанбул плени со својата величенствена дневна шареноликост и со спектар на  бои во ноќните часови. Величенствен по многу нешта, Истанмбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите метрополи во светот денес, со население од над 13.854.740 жители.

Некогаш, во раниот среден век представувал најголем град во светот и еден од значајните градови низ целата своја историја.Истанбул  благодарение на својата богата историја и одлична местоположба уште од времето бил познат на трговците кои минувале по “патот на свилата”, но познат е и како град на лалето, еден од најнежните цветови кои личат на турбан.Во времето на Сулејман Величенствениот во 16 век лалињата биле донесени од Холандија, каде за кратко време станале национален белег.

ПРОГРАМА

Ден 1.

  • Собир на групата на паркингот на х.Буши на Скопско Кале во 17:30 Поаѓање за Турција во 18 :00 .Патувањето е преку Бугарија,со попатни паузи за гранични формалности и краток одмор

Ден 2

  • По пристигнувањето во Истанбул,планирано е најпрвин сместување во хотелот со 5*,одмор од 2-3 часа за  во договорено времееда  се упатиме кон Трговскиот Центар Галата Порт или наша препорака ( предлог ) е да го посетите еден од најголемите Аквариуми во Европа и Светот.Потоа ќе се упатиме кон Таксим каде ќе може да се препуштите на магијата на овој дел од градот и во слободното време да ги истражите тесните улички или едноставно да го испиете вашиот пијалок на пешачката улица или да ја посетите Галата Кулата.
  • Во 21 часот ќе се упатиме кон хотелот
  • Ноќевање

Ден 3

  • Појадок
  • Вториот ден од престојот во Истанбул е предвиден за панорамски и класичен разглед на градот ,но и уживање на Босфор.Разгледот ќе го започнеме со посета на Чамлиџа Џамијата,од чиј двор се пружа прекрасен поглед на градот.Ќе имате можност да ги направите едни од најубавите фотографии за спомен или да се опуштите ( во кратката пауза ) пиејќи го надалеку прочуениот турски чај , кафе ,јени ракија…”Не си бил во Истанбул,доколку не си крстарел со брод по Босфор”-така велат,но и така е.Ќе крстариме со брод закупен само за Нашата група по Босфорот во времетраење од околу 2 часа,а за време на пловидбата ќе можете да ги видите и да се воодушевувате во најубавите градби,Палати,да ја видите Ортакој Џамијата,да ги чуете приказните за најпознатата Кула…По завршување со крстарењето по Босфор,ќе се упатиме кон Капали Чаршија и во текот на предвиденото време,ќе можете да ја видите Аја Софија, Сината Џамија,Хиподромот,Аксарај,а ние ќе се обидеме да го доживеете овој дел од разгледот на  Истанбул,на еден поинаков начин.
  • За комплетирањето на денешниот ден,препорачуваме да ни се придружите на факултативната вечера во еден од рестораните со најубав поглед,но и превкусна храна.
  • Враќање во хотел околу 20 часот
  • Слободно време,можност за користење на СПА Центарот(гратис) и ноќевање

Ден 4

  • Појадок
  • По одјавување од хотелот,денешниот ден ќе го започнеме со возење со жичара до врвот Пјер Лоти од кои погледот кој се пружа,вечно се памети.По слободното време,ќе се упатиме кон Шопинг Центарот 212, еден од најснабдените и најевтини шопинг центри во Истанбул
  • Во планираното време-15 часот, поаѓаме кон Македонија.Патувањето се одвива преку Р.Бугарија , со попатни паузи за одмор и гранични формалности
  • Планирано пристигнување во Македонија – по полноќ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 евра ( 5518 денари )

Цената вклучува :

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 5* и гратис СПА центар
  • Превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Комплетна организација , водство и реализација на турата
  • Туристички придружник/водич за време на целото патување
  • Посета на Шопинг центар “212”
  • Посета на Таксим
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Сината Џамија
  • Панорамски разглед

Факултативи 

  • Крстарење по Босфор (приватен брод за групата )= 15 евра
  • Посета на Чамлиџа Џамија = 10 евра
  • Билет за жичара = 10 евра
  • Вечера на Босфор = 15 евра
  • Аквариум= 20 евра

( за реализација на факултативите се потребни минимум 15 патници )

Цената не вклучува :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и посети кои не се наведени во програмата
  • Влезници-посети во/на Музеи,верски објекти исл.кои не се наведени во програмата

Напомена

  • За реализација на турата се потребни минимум 35 патници и важат општи услови за патување
  • За патување и влез во Турција потребно е валидноста на пасошот да биде 6 месеци пред истекување од моментот на влез/излез во/од Р.Турција
  • Цените се изразени во евра ,а плаќањето е во денарска противвредност од 62 ден/евро
  • Избор на место за седење се доплаќа 10 евра од особа ,минимум 2 седишта ( првиот ред е за перосналот )
  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија и Турција, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на распределбата на собите во хотелот
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
  • Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)

 краток опис на местата кои се дел од програмата     

  • Мостот Галата се наоѓа на Златниот Рог и е петтиот изграден мост преку проток Босфор. Повеќе од 5 пати е рушен, а за последен пат бил обновен во 1994 година. Долг 490 метри, а широк 42 метри.
  • Капали чаршија (Големата чаршија (Kapalıçarşı) – една од најголемите покриени пазари во светот со 60 улици и 5.000 продавници и привлекува меѓу 250 и 400 илјади посетители дневно. Тука може да ги вкусте  познатата Јени ракија,прочуениот турски чај,да купите локум, баклава, симит, кебап,морски специјалитети.Има за секого по нешто.
  • Босфорскиот теснец – проток што го одделува европска дел на Турција (Румелија) од неговиот азиски дел (Анадолија), поврзувајќи ги  Мраморното Море и  Црното Море. Тој е долг 30 километри и широк од само 750 метри во најтесниот дел до 3.700 метри во најширокиот дел во северното устие. Длабочина варира помеѓу 36 и 124 метри.
  • Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Од 4 век па се до 1453година служела како византиска катедрала на Константинопол. Во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала а како џамија, објектот служел од 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1935 година Света Софија претставува музеј
  • Султан Ахметовата џамијата или  Сина џамија е изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед Ага по нарачка на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г. Поради  боите, почнувајќи од бојата на плочките па се до порцеланот (сина, зелена и бела), позната е и како Сина џамија
  • Аквариумот е со место за посетители од 6.000 квадратни метри,,а во него има околу 1.500 видови и вкупно 17.000 копнени и морски суштества.  Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 18 милиони евра
  • Чамлиџа-џамија – Çamlıca Camii—има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири . Нејзината изградба чинела 150 милиони лири (59,65 милиони евра). Секое од четирите минариња е високо 107,1 м,
  • Историски плоштад на Истанбул – статоците од Хиподромот се наоѓаат на длабочина од 4 метри од нивото на земјата. Еден дел од хиподромот бил разрушен при изградба на Сината џамија, а останатиот најверојатно послужил за изградба на други џамии

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*