8ми март – КОНСТАНТИНОПОЛ-ИСТАНБУЛ (4-6.03)

ГРАДОТ НА МАГИЈАТА,РЕАЛНОСТА И  ФАНТАЗИЈАТА

Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул, кое име и да го споменете, се помислува на еден град. Метрополата  спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Тоа е град кој како ретко кој друг претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото но и денес и кои го привлекуваат вниманието на големиот број посетители.

Распространет е на протокот Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во прегратките на Тракија и Анадолија. Истанбул плени со својата величенствена дневна шареноликост и со спектар на  бои во ноќните часови. Величенствен по многу нешта, Истанмбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите метрополи во светот денес, со население од над 13.854.740 жители.

Некогаш, во раниот среден век представувал најголем град во светот и еден од значајните градови низ целата своја историја.

Истанбул  благодарение на својата богата историја и одлична местоположба уште од времето бил познат на трговците кои минувале по “патот на свилата”, но познат е и како град на лалето, еден од најнежните цветови кои личат на турбан.Во времето на Сулејман Величенствениот во 16 век лалињата биле донесени од Холандија, каде за кратко време станале национален белег.

ПРОГРАМА

Ден 1

  • Собир на групата пред х.Вип (поранешен Саем) во 17: Поаѓање за Турција во 18 :00 .Патувањето е преку Бугарија,со попатни паузи за гранични формалности и краток одмор

Ден 2

  • По пристигнувањето во Истанбул,планирано е најпрвин сместување во хотелот со 3* во една од најатрактивните туристички населби-Лалели,за на патниците доколку е временски возможно ,да им се овозможи краток одмор ,а во договорено време , започнуваме со класичен разглед на Истанбул .Првиот ден од нашиот престој во Истанбул , ќе го посветиме на посета на Топкапи, Аја Софија, Сината Џамија,Хиподромот,Сулејмание. Ќе Ви овозможиме да го доживеете овој ден од разгледот во  Истанбул на еден поинаков начин,прераскажан преку легендите и  преданијата ,а на крајот од разгледот на првиот ден ќе имате можност за користење на слободно време во Капали Чаршија.
  • Враќање во хотел и слободно време
  • Ноќевање

Ден 3

  • Појадок
  • Вториот ден од престојот во Истамбул е предвиден за панорамски и класичен разглед на градот .Разгледот ќе го започнеме со посета на Чамлиџа Џамијата.Потоа се упатуваме кон Долмабахче Палатата.Ќе имате можност да уживате во прекрасниот поглед кој се пружа од Палатата , да направите преубави слики за спомен , но и да се опуштите ( со кратка пауза ) пиејќи го надалеку прочуениот турски чај , кафе ,јени ракија….По паузата , се упатуваме кон Таксим , со слободно време за прошетка.Денешниот разглед ќе го завршиме со крстарење по Босфор. По завршувањето на крстарењето се враќаме во хотелот
  • Организирана факултативна вечера со прослава и ориентална танчерка
  • Ноќевање

Ден 4

  • Појадок
  • По одјавување од хотелот , ќе се упатиме кон Аквариумот каде ќе имате можност да бидете едни од многубројните посетители на еден од најголемите во Светот аквариуми
  • Посета на шопинг центар “Венеција” еден од најснабдените и најевтини шопинг центри во Истанбул
  • Во договор со групата, поаѓаме кон Македонија.Патувањето се одвива преку Р.Бугарија , со попатни паузи за одмор и гранични формалности
  • Планирано пристигнување во Македонија – по полноќ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 75 евра (без скриени трошоци)

Цената вклучува :

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лалели
  • Превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Комплетна организација , водство и реализација на турата
  • Лиценциран туристички придружник/водич за време на целото патување
  • Лиценциран локален водич во Истанбул

Пакет факултативи – вкупно (тотал) 85 евра  , а вклучуваат : превоз до сите места наведени во програмата,водич,влезници и посета на  :

  • Аја Софија
  • Сината Џамија
  • Хиподром
  • Сулејмание
  • Капали Чаршија
  • Крстарење по Босфор
  • Чамлиџа Џамија
  • Топ Капи
  • Долмабахче Сарај
  • Аквариум
  • Tаксим
  • Шопинг центар “Венеција”

Цената не вклучува :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и посети кои не се наведени во програмата
  • Факултативна вечера во ресторан со ориентална танчерка 15 евра по особа (минимум 20 особи)
  • PCR тест за невакцинирани во Р.Турција (пред враќање) 10 евра по особа

 

Напомена

  • За реализација на турата се потребни минимум 40 патници и важат општи услови за патување
  • За патување и влез во Турција потребно е валидноста на пасошот да биде 6 месеци пред истекување од моментот на влез/излез во/од Р.Турција
  • За еднокреветна соба се доплаќа 35 евра
  • Цените се изразени во евра ,а плаќањето е во денарска противвредност од 62 ден/евро
  • Избор на место за седење се доплаќа 10 евра од особа ,минимум 2 седишта ( првиот ред е за перосналот )
  • За влез во Р.Турција е потребен сертификат за вакцинација ( признаени сите вакцини ) или негативен PCR тест не постар од 72 часа
  • PCR тест пред поаѓање се вади индивидуално
  • PCR тест за враќање се вади во Истанбул-10 евра по особа( во наша организација)
  • Патувањето се одвива според сите упатства и протоколи на СЗО

 

Дел од она што ќе посетиме…краток вовед 

  •  Мостот Галата се наоѓа на Златниот Рог и е петтиот изграден мост преку проток Босфор. Повеќе од 5 пати е рушен, а за последен пат бил обновен во 1994 година. Долг 490 метри, а широк 42 метри.
  •  Капали чаршија (Големата чаршија (Kapalıçarşı) – една од најголемите покриени пазари во светот со 60 улици и 5.000 продавници и привлекува меѓу 250 и 400 илјади посетители дневно. Тука може да ги вкусте  познатата Јени ракија,прочуениот турски чај,да купите локум, баклава, симит, кебап,морски специјалитети.Има за секого по нешто.
  • Босфорскиот теснец – проток што го одделува европска дел на Турција (Румелија) од неговиот азиски дел (Анадолија), поврзувајќи ги  Мраморното Море и  Црното Море. Тој е долг 30 километри и широк од само 750 метри во најтесниот дел до 3.700 метри во најширокиот дел во северното устие. Длабочина варира помеѓу 36 и 124 метри.
  • Топкапи Сарај денес представува музеј а некогаш бил главно седиште на администрацијата на Османлиската империја. Бил изграден во времето на султан Мехмед II
  •  Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост,денес Џамија. е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е своевидн музеј. Од 4 век па се до 1453година служела како византиска катедрала на Константинопол. Во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала а како џамија, објектот служел од 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1935 година Света Софија претставува музеј
  • Султан Ахметовата џамијата или  Сина џамија е изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед Ага по нарачка на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г. Поради  боите, почнувајќи од бојата на плочките па се до порцеланот (сина, зелена и бела), позната е и како Сина џамија
  • Долмабахче е првиот дворец којшто бил изграден во времето на Османлиската империја. Бил граден по наредба на  султанот Абдул Меџит I ово 19 век. До 1922 година служил за резиденција на султанот. Во него живеал и Кемал Ататурк- таткото на модерна Турција
  • Аквариумот е со место за посетители од 6.000 квадратни метри,,а во него има околу 1.500 видови и вкупно 17.000 копнени и морски суштества.  Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 18 милиони евра
  • Џамијата Чамлиџа -Çamlıca Camii—има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири . Нејзината изградба чинела 150 милиони лири (59,65 милиони евра). Секое од четирите минариња е високо 107,1 м.
  • Историски плоштад на Истанбул – статоците од Хиподромот се наоѓаат на длабочина од 4 метри од нивото на земјата. Еден дел од хиподромот бил разрушен при изградба на Сината џамија, а останатиот најверојатно послужил за изградба на други џамии

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*