ОХРИД – Хотел Чинго 3*

Хотелот ЧИНГО е модерен и атрактивен хотел со пристапни цени, лоциран во центарот на Охрид.Сместен е на 500 метри од Охридското Езеро и 150 метри од центарот на Охрид. Нуди 24/7 достапност за гостите.Појадок се служи секој ден. Лоби барот е исто така на располагање на гостите. Супермаркет има на оддалеченост од 10 m, а главниот пазар со зеленчук и овошје е на 20 m.
Приемот на гости е 24 часа на ден, но чекирањето е од 14 часот а одјавувањето најкасно до 12 часот. Централната автобуска станица во Охрид е на 1 км оддалеченост, додека Охридскиот аеродром е оддалечен 10 км. Најблиската автобуска постојка е на 2-минути оддалеченост.

Хотелот располага со двокреветни соби , трокреветни , како и два типа на апартмани. Сите апартмани се опремени со кабелска ТВ, клима уред, мини бар, директна телефонска линија, интернет конекција (Wi-Fi), фрижидер и сопствена бања со туш.

cingo3
cingo2
cingo4
cingo3
CINGO1

Исто така, хотелот располага со сопствен паркинг, обезбеден со безбедносни уреди за надгледување. Во хотелот се наоѓа бар како и ВИП соба за состаноци.
Ресторанот е со капацитет од 120 лица и е климатизиран. Појадокот се служи на шведска маса.

  • дете до 5 год. е гратис
  • деца од 5-12 години  плаќаат 50%

 

Тип на соба

     Тип на услуга

(јуни,јули и август)

Цена по особа од ден
1/2 BB (ноќевање со појадок ) 21 евра
1/2 HB -Полупансион (ноќевање,појадок,вечера) 27.5 евра
Дополнително легло по особа 18

евра

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*