РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА (6-7.04)

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО СТАРА ЛИЧНА КАРТА !!!

1 ден-06.04 (сабота )

  • 6:10h Состанок на групата на паркингот пред Хотел ВИП (наспроти поранешен Саем)
  • 6:30 h Поаѓање од Скопје со стандардизиран туристички автобус или мини бус.Патување кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Патувањето го продолжуваме кон Србија
  • Прошетка до селото ’Ртањ и прва од двете посети на местото кое е познато по космичката енергија-“Светилиште” и е единствено во Европа.Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога Планината Ртањ ја посетувал и самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија.Денес ,тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ
  • Во пладневните часови пристигнување во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ
  • Слободно време за користење на базените (внатрешен и надворешен) и Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот
  • Ноќевање

2 ден-07.04 (недела)

  • Појадок ( богата шведска маса )
  • Можност за користење на Спа центарот и базените
  • Одјава од хотелот
  • Втора посета на изворот на енергии
  • Посета на местото на загинатите рудари и делот на с.Ртањ кое е историски најзначајно во овој регион
  • Факултативен ручек
  • Поаѓање кон Скопје во попладневните часови
  • Пристигнување во Скопје во вечерните часови

промо цена 4278 денари за резервации до 15.3.2024

Редовна цена 89 евра (5518 денари)

Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје-Ртањ-Скопје
  • Комплетна организација и реализација на програмата
  • Лиценциран туристички придружник за време на целото патување
  • Ноќевање со појадок во Етно Спа Комплекс Балашевиќ-Ртањ
  • Користење на Спа центарот ( затворен базен,џакузи,солена соба,парна бања )и надворешен базен

Во цената не е вклучено :

  • Пакет факултативи 10 евра по особа (превоз,посета на с.Ртањ,посета на местото каде се спојуваат 3-те енергии-Светилиште,водич) за двата денови
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни ручеци и вечери
  • Индивидуални трошоци
  • Сауна и масажи во Спа Центарот
  • Избор на седиште во минибус или автобус 10 евра (минимум 2 седишта)

НАПОМЕНА

  • За реализација на патувањето се потребни минимум 35 патници
  • Може да се патува со старите лични карти
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува 50% од аранжманот
  • Цените се дадени во евра (1 евро = 62 мкд )
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност
  • Секоја соба е опремена со ТВ,телефон,пешкири,сет за туширање и фен за коса
  • Пешкири/бањарки за Спа Центарот се подигнуваат од рецепција
  • Собите се распределуваат исклучиво на рецепција по пристигнување,според бројот на особи од резервацијата во агенција
  • Редоследот на седењето во автобусот/минибусот се прави според датумот на резервацијата со уплатa.Избор на место за седење е возможно со доплата од 620 мкд(минимум 2 седишта)освен првиот ред кој е резервиран за персоналот
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
  • Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија и Србија, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Агенцијата не одговара за квалитетот и брзината на интернетот во комплексот
  • Факултативите се задолжителни и нема можност да се комбинираат поинаку од она што вклучуваат во наведеното(број на посети или денови на посети – пр.само 1 ден да се посети Изворот-Светилиштето или само да се учествува во разгледот исл.)
  • Агенцијата не одговара за времето на чекање на граничните премини и условите на патот (кои влијаат на времето на пристигнување)
  • Факултативите се пакет и нема можност за нивна поделба или комбинација
  • Ова патување е групно/туристичко  и од тие причини се замолуваат сите патници да го почитуваат времето кое се договара за посети,останатите патници исл. и  се она по кое групните патувања се различни од индивидуалните (Ви благодариме на разбирањето)

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*