РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА 13-14.08

РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА 13-14.08.2022

            

1 ден-13.08 (сабота )

  • 6:30h Состанок на групата на паркингот  пред  Хотел  ВИП (наспроти поранешен Саем)
  • 7:00 h Поаѓање  од  Скопје  со стандардизиран туристички автобус или мини бус.Патување кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Патувањето го продолжуваме кон Ртањ
  • Посета на една од најубавите и најживописни Пештери во Србија,каде ќе слушнете интересни легенди и вистини за истата
  • Во попладневните часови пристигнување во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ
  • Слободно време за користење на Спа центарот
  • Ноќевање

2 ден-14.08 (недела)

  • 8:30h Појадок
  • Прошетка до селото  ’Ртањ со посета на местото кое е познато по космичката енергија и е единствено во Европа и запознавање со  планината ‘Ртањ,со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите  древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога Планината Ртањ ја посетувал и  самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија.Денес ,тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ
  • Користење на Спа центарот
  • Поаѓање кон Скопје во попладневните часови
  • Посета на ЛИДЛ- Врање
  • Пристигнување во Скопје во вечерните часови

цена 69 евра(за резервација до 05.08)

Редовна цена 89 евра

Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје-Ртањ-Скопје
  • Комплетна организација и реализација на програмата
  • Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување
  • Ноќевање со појадок во Етно Спа Комплекс Балашевиќ-Ртањ
  • Користење на Спа центарот ( отворен и затворен базен,отворено џакузи,солена соба,парна бања,аква парк )
  • Посета на с.Ртањ
  • Изненадување за сите патници

Во цената не е вклучено :

  • Пакет факултативи 10 евра (влезница во Пештерата,водич,превоз до местата кои не се опфатени со основната цена)
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни  ручеци и вечери
  • Индивидуални трошоци
  • Сауна и масажи во Спа Центарот
  • Избор на седиште во минибус или автобус 10 евра (минимум 2 седишта)

 

НАПОМЕНА

  • За реализација на патувањето се потребни минимум 20 патници
  • Може да се патува само со лична карта
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува 15 евра
  • Цените се дадени во евра (1 евро = 62 мкд )
  • ,плаќањето е исклучиво во денарска противвредност

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*