Темишвар-Вршац-Тумане Манастир(21-23.10)
Ви ја претставуваме турата,која ја нарековме Банатска приказна.Банат е регион,поделен помеѓу Србија,Романија и Унгарија.Историски гледано,престолнина на Банат е градот Темишвар, кој денес се наоѓа во Романија.Влијанието на романската,унгарската и другите култури, архитектонски се одразило и при градењето и создавањето на архитектурата на местата кои се дел од оваа наша приказна.Ова патување ќе Ви овозможи да пропатувате низ еден од најстарите градови во Србија-Вршац,но и еден од најубавите во Романија-Темишвар и да ја почувствувате магијата на друштвенита елита од 19 век и многуте престолонаследници…
Ден 1 21.10 (сабота) Скопје-Вршац
- Собир на групата пред х.ВИП(наспроти поранешен Саем) во 03:30 часот
- Поаѓање во 04:00 часот
- Патувањето се одвива со попатни паузи за погранични формалности и паузи за одмор
- По пристигнување,сместување и краток одмор , во попладневните часови ќе се упатиме на разглед на еден од најстарите и најубавите градови во Банат-Вршац,град без река,а со најмногу мостови.Пешачката тура во градот Вршац ќе ја започнеме со Владичанскиот Дворец,ќе ја видите Аптеката на скали,Градскиот Музеј и Парламентот,Катедралата Св.Никола,Црквата Св.Герхард и ќе имате можност да видите дел од 20-те мостови,кои го красат градот,но и на момент да побегнете од секојдневието и да се препуштите во уживањето и едно минато кое води во времето на престолонаследниците, прераскажано низ многуте преданија …
- Можност за организирана факултативна вечера
- Слободно време
- Ноќевање
Ден 2 22.10 (недела) Вршац – Темишвар – Вршац
- Појадок и поаѓање кон Темишвар во 9 часот
- Денешниот ден според програмата, ќе го посветиме на градот Темишвар во Романија со факултативна посета.Некогашниот мост меѓу Австро-Унгарската империја и Југоисточна Европа-Темишвар, денес најголемиот и најзначајниот град во Банат,никого не остава рамодушен и секогаш ќе посакате повторно да се вратите во него.Плени со својата убавина,а некои од градбите ги проектирал лично Густаф Ајфел.Разгледот ќе го започнеме од Плоштадот на Победата,на кој се наоѓаат Операта и Националниот Театар ( граден 1872 година),Соборната Романска Црква на Банатската митрополија од 1946 година,Кипот на волчицата која ги дои Ромул и Рем (поклон од градот Рим од 1926 година),како и многуте зданија кои го красат Темишвар , а датираат од 1910-1926 година.На Плоштадот на Слободата пак,ќе имате можност да ги видите Градското собрание во барок стил од 1734 година, кипот на Дева Марија и бистата на последниот крал на Дакија.Потоа ќе продолжиме кон Плоштадот на единството, на кој се наоѓаат столбот на кугата,Римокатоличката катедрална Црква од 1736 година, Барокната Палата (некогашното седиште на Српска Војводина), но и Соборниот Хран на српската Православна Црква од 1748 година,каде се наоѓа вредниот иконостас…
- Слободното време за индивидуални активности
- Враќање во Вршац со попатна посета на Free Shop
- По пристигнување во хотелот е предвиден одмор и слободно време
- Ноќевање
Ден 3 23.10 (понеделник) Вршац -Манастир Тумане-Скопје
- Појадок
- Поаѓање кон Манастирот Тумане,каде ќе присуствуваме на литургија за здравје и ќе ја посетиме испосницата…Манастир во кој вербата,чуда прави.
- По посетата на Манастирот Тумане,во договорено време се упатуваме кон Македонија
- Патувањето ќе се одвива со попатни паузи за одмор и гранични формалности
- Пристигнување во Македонија во вечерните часови
Цена на аранжманот
~ До 05.10 ПРОМО цена 79 евра ( 4.898 денари )
~ Редовна цена 99 евра (6.138 денари)
*Цените се изразени во евра , а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност
Во цената е вклучено:
- Превоз со стандардизиран туристички автобус/мини бус на релација според програма( Скопје–Вршац-Темишвар-Скопје)
- Сместување во хотел во Вршац (секоја соба е опремена со засебно купатило,ТВ,телефон,клима,пешкири…)
- Хотелот поседува 2 отворени базени(отворени според сезонски услови)
- Две ноќевања со појадок на база континентален појадок
- Лиценциран туристички пратител за време на целото патување
- Комплетна организација и водство на патувањето
- Туристичка такса
- Посета на фри шоп
Во цената не е вклучено:
- 45 евра пакет факултативни посети и трансфери кои вклучуваат : разглед на Вршац,разглед на Темишвар,Посета на Манастирот Тумане, специјализиран водич за сите места наведени во програмата
Напомена:
- За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
- Поаѓањето е од Скопје
- Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
- За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 20 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
- Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија,Србија и Романија, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
- Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
- Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)
- За еднокреветна соба се доплаќа 50% од сумата
- Агенцијата го задржува правото за измени на редоследот на посетите доколку тоа неодложно го налагаат временските услови или одредени ситуации (невреме,штрајк,манифестација,блокирани улици од одредени причини исл.)
- Во Романија се патува со валиден пасош , со не помалку од 6 месеци важност
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернетот во Хотелот
- Факултативите се пакет и нема можност за нивна поделба или комбинација
- Ова патување е групно/туристичко и од тие причини се замолуваат сите патници да го почитуваат времето кое се договара за посети,останатите патници исл. и се она по кое групните патувања се различни од индивидуалните (Ви благодариме на разбирањето)
Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог: