Велигденска Банатска приказна (3-5.05.2024)

ВЕЛИГДЕНСКА БАНАТСКА ПРИКАЗНА

( ТЕМИШВАР – ВРШАЦ- МАНАСТИР ТУМАНЕ )

Ви ја претставуваме Нашата добро позната тура,која ја нарековме  Банатска приказна.Банат е регион,поделен помеѓу Србија,Романија и Унгарија.Историски гледано,престолнина на Банат е градот Темишвар, кој денес се наоѓа во Романија.Влијанието на романската,унгарската и другите култури, архитектонски се одразило и при градењето и создавањето на архитектурата на местата кои се дел од оваа наша приказна.Ова патување ќе Ви овозможи да пропатувате низ еден од најстарите градови во Србија-Вршац,но и еден од најубавите во Романија-Темишвар и да ја почувствувате магијата на друштвенита елита од 19 век и многуте престолонаследници…

Ден 1  03.05 (петок)  Скопје-Вршац

  • Собир на групата пред х.ВИП(наспроти поранешен Саем) во 03:30 часот
  • Поаѓање во 04:00 часот
  • Патувањето се одвива со попатни паузи за погранични формалности и паузи за одмор
  • По пристигнување,сместување и краток одмор , во попладневните часови ќе се упатиме на разглед на еден од најстарите и најубавите градови во Банат-Вршац,град без река,а со најмногу мостови.Пешачката тура во градот Вршац ќе ја започнеме со Владичанскиот Дворец,ќе ја видите Аптеката на скали,Градскиот Музеј ,Црквата Св.Никола,Катедралата Св.Герхард…Во слободно време ќе имате можност да видите дел од 20-те мостови,кои го красат градот,но и на момент да побегнете од секојдневието и да се препуштите во уживањето и едно минато кое води во времето на престолонаследниците, прераскажано низ многуте преданија …
  • Слободно време
  • Ноќевање

Ден 2  04.05(сабота) Вршац – Темишвар – Вршац

  • Појадок
  • Денешниот ден , ќе го посветиме на градот Темишвар во Романија и неговата уникатност и убавина.Ќе се препуштиме на магијата на градот во кој ќе се заљубите на прв поглед ,каде ќе бидеме дел од сето она што градот на Културата за 2023 го нуди- можност да ги вкусите традиционалне јадења и пијалоци,да се запознаете со традиционалните ракотворби или едноставно да уживате во Палатите кои ќе Ве опкружуваат.Некогашниот “мост” меѓу Австро-Унгарската империја и Југоисточна Европа-Темишвар, денес најголемиот и најзначајниот град во Банат,никого не остава рамодушен и секогаш ќе посакате повторно да се вратите во него.Плени со својата убавина,а некои од градбите ги проектирал лично Густаф Ајфел.Разгледот ќе го започнеме од Плоштадот на Победата,на кој се наоѓаат Операта и Националниот Театар ( граден 1872 година),Соборната Романска Црква на Банатската митрополија од 1946 година,Кипот на волчицата која ги дои Ромул и Рем (поклон од градот Рим од 1926 година),како и многуте зданија кои го красат Темишвар , а датираат од 1910-1926 година.На Плоштадот на Слободата пак,ќе имате можност да ги видите Градското собрание во барок стил од 1734 година, кипот на Дева Марија и бистата на последниот крал на Дакија.Потоа ќе продолжиме кон Плоштадот на Единството, на кој се наоѓаат столбот на кугата,Римокатоличката катедрална Црква од 1736 година, Барокната Палата (некогашното седиште на Српска Војводина), но и Соборниот Храм на српската Православна Црква од 1748 година,каде се наоѓа вредниот иконостас…
  • Слободното време за индивидуални активности
  • Враќање во Вршац со попатна посета на Free Shop
  • По пристигнување во хотелот е предвиден одмор
  • Во договор со групата,ќе се упатиме кон Православната Црква.Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.Ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение – кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“!!!
  • Ноќевање

 

Ден 3  05.05 (недела) Вршац – Манастир Тумане – Скопје

  • Појадок
  • По појадокот , на овој голем ден , ќе се упатиме кон Манастирот Тумане , каде вербата во Бог-лекува и прави чуда.На овој голем празник, во овој Божји Храм,да се помолиме на моштите на Св.Зосим и Св.Јаков, да ја посетиме испосницата и да наполниме лековита Света вода…
  • По посетата на Манастирот, се упатуваме кон Македонија
  • Патувањето ќе се одвива со попатни паузи за одмор и гранични формалности
  • Пристигнување во Македонија во пладневните часови

Цена на аранжманот до 15.03.2024

~ 5518 мкд

~ Редовна цена  7500 денари

*Плаќањето се врши исклучиво во денари

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандардизиран туристички автобус/мини бус на релација според програма( Скопје–Вршац-Скопје)
  • Сместување во хотел во Вршац (секоја соба е опремена со засебно купатило,ТВ,телефон,клима,пешкири…)
  • Две ноќевања со појадок на база шведска маса
  • Лиценциран туристички пратител за време на целото патување
  • Комплетна организација 
  • Туристичка такса

Во цената не е вклучено :

  • Пакет факултативи 45 евра кои вклучуваат ( разглед на Вршац со специјализиран водич,превоз и разглед  на Темишвар во Романија,посета на Free Shop , посета на Манастирот Тумане, лиценциран туристички водич

Напомена:

  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
  • Поаѓањето е од Скопје
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 20 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши  исклучиво на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот (соба со или без тераса исл.)
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
  • Цената на основниот аранжманот е даден во денари и плаќањето е исклучиво во денари
  • Факултативите се ПАКЕТ и нема можност за нивно двоење по посети/места/градови.Истите се креирани  да може да се исполни замислата на ова патување и понуда во целост од страна на Туристичката Агенција и да се посетат сите места наведени  во целосната програма
  • За еднокреветна соба се доплаќа 50% од сумата
  • Агенцијата го задржува правото да направи измени на редоследот на посетите,доколку тоа е неодложно и го налагаат одредени ситуации (штрајк,манифестација,блокирани улици од одредени причини исл.)
  • Во Романија се патува со валиден (НОВ ) пасош
  • Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернетот
  • Факултативите за посетите се пакет и не се делат
  • Агенцијата нема одговорност околу времето на чекање на гранични премини и нема обврска да ги одложи разгледите и посетите наведени во програмата поради временски услови дожд,снег исл.
  • Ова патување е групно/туристичко  и од тие причини се замолуваат сите патници да го почитуваат времето кое се договара за посети,останатите патници исл. и  се она по кое групните патувања се различни од индивидуалните (Ви благодариме на разбирањето)

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*