БАНАТСКА ПРИКАЗНА

Ви претставуваме нова тура,која ја нарековме   Банатска приказна.Банат е регион,поделен помеѓу Србија,Романија и Унгарија.Историски гледано,престолнина на Банат е градот Темишвар, кој денес се наоѓа во Романија.Денес најголем град во оваа област е градот Зрењанин.Влијанието романската,унгарската и другите култури, архитектонски се одразило и при градењето и создавањето на архитектурата на местата кои се дел од оваа наша приказна.Ова патување ќе Ви овозможи да пропатувате низ едни од најстарите градови во Србија,да ја почувствувате магијата на друштвенита елита од 19 век и многуте престолонаследници…

Ден 1  30.04(сабота) Скопје-Дворец Ечка-Зрењанин

  • Собир на групата пред х.ВИП(наспроти поранешен Саем) во 03 30
  • Поаѓање во 04 00 (Патувањето ќе се одвива со попатни паузи за гранични формалности и одмор)
  • Банатската приказна ќе ја започнеме со Дворецот Ечка,кој со години бил омилено место за собир на љубителите на ловот.За свеченото отварање во 1820 год.бил донесен кувар од Виена,припремени преку 150 кочии,присуствувале околу 300 угледни гости од Виена,Будимпешта…Најчести гости во Дворецот биле српскиот престолонаследник Александар Караџорџевиќ,најбогатиот унгарски гроф Естерхаци,Австриско-Унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд,а на отварањето чудото од дете ,со тогашни свои само 9 години-Франц Лист,никого не оставил рамнодушен…
  • Патувањето ќе го продолжиме кон Зрењанин.По сместување во хотелот и краток одмор, се упатуваме на разглед на градот кој ќе го започнеме од Плоштадот на Слободата.Ќе имате можност да се воодушевувате на автентично сочуваните градби на Општината,Националниот Музеј,Судската Палата,Библиотеката,Театарот…
  • Враќање во хотел
  • Слободно време
  • Ноќевање

Ден 2  1.05 (недела) Зрењанин-Вршац

  • По појадокот , се упатуваме на факултативна посета на еден од најстарите и најубавите градови во Банат-Вршац,град без река,а со најмногу мостови,Посетата ќе ја започнеме со Манастирот Месиќ,посветен на Св.Јован Крстител,кој прв пат во пишан документ се споменува во 1660 год.и бил резиденција на вршачките епископи.
  • Потоа продолжуваме да ја посетиме Вршачката Кула-Замок од 15 век која се издигнува на 399 м.н.в од каде има преубав поглед.Пешачката тура во градот Вршац ќе го започнеме со Владичанскиот Дворец,ќе ја видите аптеката на скали,Градскиот музеј и Парламентот,Катедралата Св.Никола и ќе имате можност да ги видите дел од 20те мостови,кои го красат градот.
  • Можност за факултативен ручек во Вршац
  • Враќање во хотел,слободно време
  • Организирана вечер со тамбураши
  • Враќање во хотел и ноќевање

Ден 3 – 2.05 (понеделник) Зрењанин-Нови Сад-Скопје

  • Појадок и одјава од хотел.За крај на оваа наша Банатска приказна Ве водиме во Нови Сад,најпрво да уживате на Петроварадинската Тврдина,која никого не остава равнодушен,а потоа и во стариот дел на градот кој плени со својата австро-унгарска архитектурата.
  • Слободно време
  • Поаѓање за Македонија.Патувањето се одвива со попатни паузи за одмор и царински формалности.Планирано пристигнување во вечерните часови

 

Цена на аранжманот 89 евра / 5520 мкд

Цената вклучува

  • Превоз со автобус или мини бус
  • 2 ноќевања со појадок во Зрењанин
  • Комплетна организација и водство на патувањето
  • Лиценциран туристички придружник-водич за време на целото патување
  • Факултативна организирана вечер во ресторант со тамбураши

Цената не вклучува

Факултативни трошоци изнесуваат вкупно (тотал) 35 евра и во нив се вклучени:

  • Превоз од и до наведените места за посета во програмата,разгледи со водич,влезници и посети:Дворец Ечка,разглед на Зрењанин,разглед на Вршац,разглед на Нови Сад

Цената не вклучува

  • Индивидуални трошоци кои не се опфатени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Избор на седиште (10 евра) минимум 2 седишта,од кои првиот ред е резервиран за персоналот

 

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
  • Патувањето ќе се одвива според сите зададени протоколи од СЗО во моментот на реализација на турата
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*