ДРАКУЛА ТУРА (07-11.09)
Септемвриска ДРАКУЛА ТУРА

Програма :
07.09 (четврток) Скопје-поаѓање за Романија
Собир на групата во 17:30 ,поаѓање од Скопје во 18 часот на паркингот пред Хотел ВИП (наспроти поранешен Саем) со стандардизиран туристички автобус или минибус. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за царински формалности и паузи
08.09 (петок) Пелеш – Азуга
Во предпладневните часови пристигнуваме во Романија-Трансилванија. Првиот ден од престојот во Романија,ќе го започнеме со посета на Дворецот Пелеш-најубавиот дворец во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви,дворец кој ќе Ве воодушеви, во кој гарантираме дека ќе уживате,а ние ќе Ви доловиме детали и приказни кои досега не сте ги слушнале.По посетата на Пелеш и слободното време ,ќе се упатиме кон хотелот во Азуга во кој ќе бидеме сместени.Следува слободно време и ноќевање.
По појадокот , вториот ден од престојот во Трансилванија,ќе го посетиме Замокот Бран од XIV век во кој 1462г. бил затворен Дракула.По разгледот на Замокот на Дракула и слободно време за уживање во околината на истиот,како и можноста да си купите сувенир од некоја од многубројните продавнички ,патувањето ќе го продолжиме кон градот Брашов.Брашов представува Музеј на отворено. Ќе имате можност да ја видите Црната Црква од XIVвек.и да ги чуете најинтересните тајни кои таа ги сочувала и преданијаата кои со децении се пренесуваат.Слободно време да го испиете најубавото кафе на плоштадот во Брашов или едноставно да прошетате по долгата улица со дуќани,сувенири..По завршуваање со посета на Брашов,се враќаме во хотел.Слободно време.Ноќевање.
10.09 (недела) Азуга – Букурешт – Скопје
Појадок.По напуштање на хотелот, се упатуваме да ја комплетираме приказната за Дракула, со посета на Букурешт (нарекуван и „Мал Париз„).Ќе направиме разглед на стариот дел од градот,ќе ја посетиме Патријаршијата , Kurtija Veke најстариот дел од градот,кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Цепеш- Дракула,Парламентот,најпознатата улица Kalja Viktorei на која се наоѓа Ateneum (седиштето на Филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста, Националниот музеј за историја).Ќе имате можност и за посета на трговски центар до поаѓање за Македонија.Ноќно патување,преку Бугарија со паузи за одмор и царински формалности
11.09 (понеделник) Пристигнување во Скопје во утринските часови
Цена на аранжманот
~ До 30.08 ПРОМО цена 109 евра ( 6.758 денари )
~ Редовна цена 129 eвра ( 7.998 денари )
Цените се изразени во евра , а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност
Во цената е вклучено:
- Превоз со стандрардизиран туристички автобус Скопје–Букурешт-Азуга-Скопје
- Сместување во хотел 3***
- Две ноќевања со појадок на база на шведска маса
- Лиценциран туристички пратител/водич за време на целото патување
- Комплетна организација и водство на патувањето
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- 60 еур вкупно за факултативи(влезници,водич,разгледи,трансфери до објектите кои опфаќаат) :
- Влезница во Дворецот Пелеш (со водич)
- Влезница во Замокот Бран (со водич)
- Посета на Брашов (со водич)
- Панорамски и класичен разглед на Букурешт (според програма)
- Пешачка тура низ стариот дел на Букурешт
- Специјализиран водич за Романија
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци кои не се опфатени во програмата
- Избор на седиште (10 евра) минимум 2 седишта,од кои првиот ред е резервиран за персоналот
Напомена:
- За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
- Поаѓањето е од Скопје
- Редоследот на седењето во автобусот/минибусот се прави според датумот на резервацијата и уплатa
- За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 20 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
-
Во моментов НЕ се потребни сертификати (COVID 19) за излез и влез во Македонија и Романија, но доколку има измени сите патници ќе бидат информирани
-
Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
-
Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот
-
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
- Цената на аранжманот е даден во евра,а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 мкд)
- За еднокреветна соба се доплаќа 50% од сумата
- Агенцијата го задржува правото,последните соби да ги продаде по пониска цена од регуларната
Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог: