ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД ВО БЕЛГРАД

07.12 – 09.12.2018

07.12. (Петок) Скопје- Белград

Поаѓање  од  Скопје  во  8  часот наутро  на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти саемот) со стандардизиран туристички автобус.Патување кон Белград со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигање во Белград во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности или одмор.Вечера со неограничено пиење и жива музика. Ноќевање.  

08.12. (Сабота) Белград

Појадок. Разглед на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње, Куќата на Цвеќето.. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ  Кнез Михајлова во центарот на градот . Попладне враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови факултативно присуство во некоја од белградските кафеани на Скадарлија кои имаат посебен дух и нудат поинакво запознавање на градот. Ноќевање.

 

09.12 ( Недела) Белград- Винарија Малча- Скопје  

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Скопје со попатна посета на Винарија Малча.Презентација на винаријата и дегустација на вино. Слободно време за факултативен ручек и одмор. Патување кон Скопје со попатни паузи.Пристигнување во ноќните  часови.

ЦЕНА:  4.650 денари

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандрардизиран туристички автобус: Скопје–Белград-Скопје
  • Сместување во Хотел Центар „Балашевиќ“ (http://www.centarbalasevic.rs/)
  • Локален водич за Белград
  • Две ноќевања/ појадок на база на шведска маса
  • Посета и презентација на Винаријата Малча
  • Организација на патувањето ,туристичка такса

Во цената не е вклучено:

  • 15 еур:  Вечера со неограничено пиење и музика (првата вечер)
  • 20 еур: Факултативна посета, односно вечера во некоја од локалните кафани  на Скадарлија или 6 еур: факултативна вечера во хотелот. (втора вечер)
  • Факултативен ручек во винаријата.
  • Патничко осигурување

Контакт. 02 3100 781; 02 3100 664;   моб. 078 312 332

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*