Дракула Тура

06.12 – 09.12.2018

06.12. (Четврток) Скопје- Букурешт

Поаѓање  од  Скопје  во  18  часот  на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти саемот) со стандардизиран туристички автобус.  Ноќно патување.

 

 07.12. (Петок) Букурешт – Синаиа

Во  предпладневните  часови  пристигнување  во  Букурешт  главен град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Париз„ Краток разглед на градот, Посета  на  Патриаршијата  и  архитектонскиот  комплекс  Kurtija  Veke  најстариот дел  од  Букурешт,  кој  во  средината  на  XV  век  го  подигнал  познатиот  Влашки владар  Влад  Цепеш  –  Дракула  и  др.  Панорамски  разглед  на  Парламентот. Разглед  на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста, Националниот музеј за историја, и др).Поаѓање   кон   Трансилванија.   Во  приквечерните   часови   се   пристигнува   во монденското  одмаралиште  Синаиа  или  Поиана  Брашов  во  Јужните  Карпати. Сместување   во   хотел.  Ноќевање.

08.12. (Сабота) Синаиа- Брашов – Сианиа

Појадок.  Посета  на  замокот  Бран  од  XIV  век  во  кој  1462г.  бил затворен Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов, централна југо- источна   Трансилванија,   кој   представува   музеј   на   отворено.   Посета   на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Враќање  во хотел. Ноќевање.

 

09.12 ( Недела) Синаиа- Пелеш – Снагов – Букурешт – Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на дворецот Пелеш,

најубавиот дворец во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Поаѓање за езерото Снагов  до истоимениот остров, на кој се наоѓа истоимениот манастир каде се наоѓа гробот на Дракула.Повторно пристигнување во Букурешт и посета на трговските центри. Слободно време. Тргнување за  Македонија во вечерните часови. Ноќно   возење. Наредниот   ден пристигнување  во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА: 5.999 денари

ЗА РАНА УПЛАТА ( ДО 10 НОЕМВРИ) ЦЕНАТА Е 5.555 ДЕНАРИ.

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандрардизиран туристички автобус: Скопје–Букурешт-Синаиа-Скопје
  • Сместување во хотел со 3***
  • Две ноќевања / појадок на база на шведска маса
  • Организација на патувањето ,туристичка такса

 

 Во цената не е вклучено:

  • 15 еур: Лиценциран водич, специјализиран за Романија (5 евра од ден)
  • 35 еур:  Влезници и трансфери до објектите (Дворецот  Пелеш,  Манастирот  Синаиа, Замокот Бран, Гробот на Дракула, Црната Црква во Брашов)
  • Задолжително патничко осигурување 5 €.

 

Услов за реализација на патувањето 40 патника

Контакт. 02 3100781; 02 3100664;   моб. 078 312 332

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*