“НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ” ВО ЗАМОКОТ НА ДРАКУЛА

HALLOWEEN ЗАБАВА ПОД МАСКИ на 27ми ОКТОМВРИ

Програма

(25.10.28.10.2018)

25.10 (Четврток)

Состанок на групата во 17 и 30 часот на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти  саемот).Поаѓање од  Скопје  во  18  часот  со стандардизиран туристички автобус.  Ноќно патување.

26.10 (Петок) 

Во  предпладневните  часови  пристигнување  во  Букурешт  главен град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Париз„ Краток разглед на градот, Посета  на  Патриаршијата  и  архитектонскиот  комплекс  Kurtija  Veke  најстариот дел  од  Букурешт,  кој  во  средината  на  XV  век  го  подигнал  познатиот  Влашки владар  Влад  Цепеш  –  Дракула  и  др.  Панорамски  разглед  на  Парламентот. Разглед  на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста, Националниот музеј за историја, и др).Поаѓање   кон   Трансилванија.   Во   приквечерните   часови   се   пристигнува   во монденското  одмаралиште  Поиана  Брашов  во  Јужните  Карпати. Сместување   во   хотел.  Ноќевање.

27.10 (Сабота) 

Појадок. Посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Патувањето продолжува до градот Брашов, централна југо- источна   Трансилванија,   кој   представува   музеј   на   отворено.Посета   на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар  Попладне враќање  во хотел. Слободно време за одмор и релаксација, како и подготовка за маскембал . Во 20 часот поаѓање  кон замокот Бран каде што бил затворен Дракула и каде што ќе се одржува маскембал по повод ноќта на вештерките “Halloween”.Обиколка на замокот и време за организиран маскембал. По завршувањето на истиот враќање во хотел. Ноќевање.

28.10 (Недела)

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за езерото Снагов  до истоимениот остров, на кој се наоѓа истоимениот манастир каде се наоѓа гробот на Дракула.Повторно пристигнување во Букурешт и посета на трговските центри. Слободно време. Тргнување за  Македонија во вечерните часови. Ноќно   возење.

Наредниот   ден пристигнување  во Скопје во раните утрински часови.

Цена: 129 еур

Во цената е вклучено:

  •     Превоз со стандардизиран туристички автобус:  Скопје–Букурешт-  Синаиа-Скопје
  •     Сместување во хотел 3***
  •     Две ноќевања / појадок
  •     Организација на патувањето ,туристичка такса

Во цената не е вклучено:

  • 25 еур:  Влезници, лиценциран водич и трансфери до објектите (Дворецот  Пелеш,  Манастирот  Синаиа,Гробот на Дракула, Црната Црква во Брашов)
  • 40 еур :Посета и влезница во Замокот Бран, за маскембалот по повод “Halloween”,  Ноќта на вештерките.
  • ИЛИ 16 еур: Само посета на Замокот Бран без учество на максембалот
  • Задолжително патничко осигурување 5 €

НАПОМЕНА:

  • Забавата во Замокот Бран НЕ е дозволена за лица под 18 години
  • За оние кои имаат намера да ја посетат забавата, задолжително е носење на костуми.

 

НЕМА НИКАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЛИ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

  • Услов за реализација на патувањето 40 патника
  • Контакт. 02 3100781; 02 3100664;   моб. 078 312 332

 

 

 

 

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*