ХЕЈ СЛОВЕНИ

ХЕЈ СЛОВЕНИ

 ПО ПАТЕКИТЕ НА ДРУГАРОТ ТИТО 

 Термин : 22.05-25.05.2020

ПРОГРАМА

ХЕЈ СЛОВЕНИ

 

Ден  1 – петок – 22.05.2020

  • Собир на групата на паркингот пред Х.ВИП ( наспроти поранешен Саем )во 17:30 часот
  • Поаѓање во 18:00 часот
  • Патување со попатни паузи за одмор и гранични формалности

 

Ден 2 – сабота – 23.05.2020

  • Пристигнување во Јабланица околу 10 часот
  • Се упатуваме кон Меморијалниот комплекс
  • Комплексот е посветен на Битката на Неретва за време на Втората светска војна. Историскиот културен пејзаж во кој се сместува Музејот на „Битката за ранетите на реката Неретва во Јабланица“ денес е спомен комплекс поврзан со четвртата непријателска офанзива – настан што се случи во февруари и март 1943 година, спасен од припадници на единиците на ЈНА над 4000 повредени и болни .Меморијалниот мост е највредната музејска поставка како сведоштво за специфичните тактики на партизанско војување и една од најхуманите битки во Втората светска војна. Самиот музеј беше отворен од Јосип Броз Тито на 12 ноември 1978 година за одбележување на 35-годишнината од битката.
  • Патувањето го продолжуваме кон Коњиц со посета на Титовиот Бункер
  • Титовиот Бункер остана државна тајна до распадот на СФРЈ во раните 90-ти. Изграден е помеѓу 1953-1979 година во рид во подножјето на планината Златар и е најголемото атомско засолниште и една од најголемите подземни структури изградени во поранешна Југославија.Командата за атомска војна, позната и како АРК или Бункерот на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 члена на неговиот непосреден круг во случај на нуклеарна војна.
  • Слободно време
  • Поаѓање кон Етно Комплекс со СПА центар со 4*
  • Ноќевање

     Ден  3 – недела – 24.05.2020

  • Појадок
  • По појадокот се упатуваме кон Јајце , градот во кој е одржано Второто заседание наАВНОЈ на 29 и 30 ноември 1943 година

Посета на Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ– на ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија и  направен план за изработување на Уставот на идната Југославија како Федеративна и Демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ во Јајце ,присуствувале 142 делегати а на Тито му била додадена придавката Маршал на Југославија

  • По посетата на Јајце ,се упатуваме кон Травник
  • Посета на Травник и слободно време за ручек
  • Враќање во Етно Комплексот 4*
  • Ноќевање

 

Ден 4 – понеделник – 25.05.2020

  • Појадок
  • Патувањето го продолжуваме кон Сараево
  • Посета на Сараево.Во слободното време предлагаме да направите краток одмор во кафе барот ”Кафе ТИТО”
  • Слободно време до 14 часот
  • По завршување на посетата на Сараево, се упатуваме кон Вишеград и Мостот на Дрина.
  • Патувањето го продолжуваме кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични процедури
  • Пристигнување во Скопје

 

Цената вклучува :

-Превоз со стандардизиран туристички автобус (или минибус) на релација Скопје-Србија- БиХ- Скопје

-2 ноќевања со појадок во Витез (Етно Комплекс со СПА центар со 4* )

– Бесплатно користење на Фитнес центарот

-Комплетна организација, водство и претставник од Т.А.Метрополитан Травел

– Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување

 

Цената не вклучува :

  • Влезници во сите наведени Музеи и објекти опфатени во патувањето

пакет влезници со вклучени трансфери до местата , водич и влезници = 30 евра

(пакетот  покрај транспортот и водич , вклучува влезници во : )

  • Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ
  • Титовиот Бункер
  • Музејот на „Битката за ранетите” на р. Неретва
  • Посета на Сараево
  • Посета на Вишеград и Мостот на Дрина
  • Посета на Јајце
  • Посета на Коњиц
  • Посета на Јабланица
  • Избор на место на седење ( се доплаќа 10 евра по особа,минимум 2 седишта )
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени од страна на агенцијата во програмата која се реализира
  • Користење на СПА Центарот ( сите патници имаат -50% попуст)

** за реализација на турата се потребен минимум 30 патници

Цена на аранжманот  99 евра по особа

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА САМО СО ЛИЧНА КАРТА

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*