ИЗРАЕЛ

Skyline of the Old City at the Western Wall and Temple Mount in Jerusalem, Israel.

                                                     ИЗРАЕЛ        17.11 – 24.11.2019

 Програма 

1 ДЕН     17.11 – недела

  • Поаѓање кон Аеродром за лет Солун – Тел Авив во 15:25 часот
  • Пристигнување во Тел Авив во 17:50 часот
  • По царинските формалности,трансфер до хотелот,сместување и одмор

 2 ДЕН   18.11 – понеделник

  • По појадокот,состанок со локален водич и разглед на Витлеем-градот на кралот.
  • Посета на Црквата на Рожденството со присуство на света литургија
  • Посета на Манастирот на Светиот Крст-прастар грузиски Манастир,место каде според легендата расте тројно дрво,од кое подоцна е направен Крстот на распетието
  • Посета на Еин Карем-родното место на Св.Јован,еден од најубавите делови на Ерусалим со голем број Манастири.Еден од нив е Францускиот Манастир каде се наоѓа изворот на Св.Јован Крстител.Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода
  • Враќање во хотел
  • Вечера и ноќевање
  • Витлеем е мал град во кој бил роден Исус.Во превод името Витлеем знали куќата на лебот.Тука на маргините на универзумот,во топлите мали штали се роди Спасителот,бидејќи светото семејство не можело да најде друго сместување.Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на Светот.На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата Црква на Рожденството.

3 ден  19.11   вторник

 

  • Појадок
  • Посета на Гетсиманската градина
  • Посета на базиликата на страдањето Христово
  • Посета на Црквата на Вознесението на Пресвета Богородица
  • Посета на стариот град на Ерусалим,кој се смета за најсвето место според христијаните,а е поделен на 4 дела-христијански,муслимански,еврејски и ерменски и сите егзистираат заедно на еден простор од 1 квадратен километар
  • Via Dolorosa – тажниот пат на Исус- до самото место на распнувањето на Исус
  • Храмот на Распетието – храмот каде се случил најважниот момент од христијанската историја т.е. Воскресението на Спасителот
  • Посета на Гробот Христов
  • Голготата
  • Каменот на Помазанието
  • Планината Сион –собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид и Манастирот на Успението
  • Црквата на Вознесението-изградена каде што постоела куќата на Св.Јован Крстител и каде и Пресвета Богородица живеела по распнувањето на исус
  • Еврејскиот Кварт
  • Улицата Кардо и Синагогата Рамбам
  • Западниот ѕид
  • Вечера и ноќевање

4 ДЕН – 20.11 – среда

  • Појадок и заминување од хотел
  • Посета на Вади Келт
  • Манастирот на Св.Ѓорѓи Хозевит во јудејската пустина
  • Ерихо-најстариот град на планетата и на планината на искушението
  • Светата река Јордан
  • Посета на Монт Тавор-светото место на Светото преображение
  • Вечера и ноќевање

5 ден  21.11  четврток

  • Појадок
  • Посета на Црквата на Благовестието-импресивен споменик на христијанското наследство,каде се одржува празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие.
  • Посета на Назарет-познат како градот каде живеела светата фамилија Марија,Јосиф и бебето Исус.Место познато по аџилак за христијани од сите страни на Светот,некогашно мало село,сегашен најголем арапски град со христијанско и муслиманско население
  • Посета на Кана Галилејска-Црква посветена на чудата на исус,каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот син присуствувале на свадбата во Кана и каде се одиграло едно од чудата
  • Посета на езерото Кинарет кое од дамнечни времиња било сведок на големи драми.изобилува со риба која може да се дегустира во многубројните ресторани на неговиот брег
  • Посета на Капернаум-од апостолите наречен како „неговиот град„ и посета на Синагогата која восхитува со својата импресивна големина со коринтски столбови и белиот ерусалимски камен
  • Посета на планината на Блажествата, Табха, Магдала , Јорданити….

6 ден  22.11   петок

 

  • Појадок
  • Посета на Акра – темпларскиот град или познат како градот на првите витези Хоспиталери
  • Враќање во хотел во Акра
  • Ноќевање и вечера

7  ден  23.11  сабота

 

  • Појадок и заминување од хотел
  • Посета на Хаифа, Стела Марис и старата Јафа – во стари времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард-лавовското срце и Наполеон
  • Посета на старото пристаниште
  • Црквата на Св.петар
  • Фонтаната на Андромеда

8   ден  24.11   недела 

  • Појадок
  • Слободно време за за повторна посета на Ерусалим и гробот Христов
  • Заминување од хотел и организиран трансфер до Аеродром и поаѓање кон Македонија
  • Лет од Тел Авив во 18:40 часот по грчко време
  • По царинските формалности , трансфер кон Скопје

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    930 евра

за плаќање со DINERS              970 евра

Skyline of the Old City at the Western Wall and Temple Mount in Jerusalem, Israel.

 

Цената вклучува :

  • Авионски превоз на релација Солун-Тел Авив-Солун
  • Организиран превоз Скопје-Солун-Скопје
  • Трансфер од Аеродром до хотелот во Тел Авив и обратно
  • Сместување во хотел на база појадок и вечера
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Вклучен чекиран багаж до 23 кг

 

Цената не вклучува :

  • Аеродромски такси 56 евра
  • Бакшиш за водичот и возачот 50 евра
  • Туристичка такса 4 евра на ден по особа*се плаќа во хотелот
  • Патничко- здравствено осигурување 300 ден

Индивидуални трошоци и влезници кои не се наведени во програмата

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*