НОВА ГОДИНА ВО БУКУРЕШТ

БУКУРЕШТ и Дворците во Трансилванија

28.12.2018 – 01.01.2019

28.12.2018     СКОПЈЕ – РОМАНИЈА

Состанок на групата во 16 часот на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти саемот) “.Поаѓање  од  Скопје  во  16 и 30  часот  со стандардизиран туристички автобус. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

29.12.2018  СИНАЈА- БРАН- БРАШОВ – БУКУРЕШТ

Посета на дворецот Пелеш во Синаја,еден од најубавите дворци во Европа,некогашна летна резиденција на Романските Кралеви.Продолжуваме кон замокот Бран,познат уште како замокот на Дракула.Изграден уште во XIV век, тука во 1462 г. бил затворен Дракула.Патувањето продолжува кон градот Брашов,лоциран во централниот дел на земјата,во регионот Трансилванија.Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар каде се наоѓа познатата Црна Црква од XIVвек,најголемата готска црква во југоисточна Европа. Пристигнување во Букурешт во предвечерните часови. Ноќевање.

30.12.2018   БУКУРЕШТ

Појадок.Главниот град на Романија е познат уште и како ” Maл Париз на Истокот ” заради своите монументи. Панорамски разглед на градот со водич. Плоштадот на револуцијата ,Операта,Војничката Академија,Триумфалната Капија,Палатата на Парламентот-најголемата административна зграда во Европа,Патријаршијата,Селото Музеј. Враќање во хотел.

31.12.2018  БУКУРЕШТ– СНАГОВ – БУКУРЕШТ

Појадок.  Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Попладне враќање во Букурешт.Враќање во хотел.

НОВОГОДИШНА НОЌ по избор – на некој од познатите плоштади во Букурешт (со музичка програма и спектакуларен огномет), во дискотека  (доплата 10 €). Враќање во хотел во раните утрински часови. Ноќевање

01.01.2019     БУКУРЕШТ- СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободен ден за одмор или индивидуални активности и прошетки низ Букурешт. Предлагаме прошетка низ најпознатата улица Калеа Виктореј, Плоштадот Унири и Трговскиот Центар Униреа, разглед на Атенеумот- денес седиште на филхармонијата, Сенатот, претседателската резиденција Котроцени, Универзитетот, Националниот музеј на уметност. Заминување за Скопје, во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Регуларна цена на аранжманот:

149 € (9.238 ден)

Уплата до 20.11.2018 – 139 € (8.618 ден)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандрардизиран туристички автобус:
  • Скопје–Букурешт-Синаиа-Скопје
  • Сместување во хотел 3***
  • Три ноќевања / појадок на база на шведска маса
  • Организација на патувањето ,туристичка такса

 Во цената не е вклучено:

  • 15 еур: Лиценциран водич, специјализиран за Романија (5 евра од ден)
  • 35 еур:  Влезници и трансфери до објектите (Дворецот  Пелеш,  Манастирот  Синаиа, Замокот Бран,  Гробот на Дракула, Црната Црква во Брашов),
  • Задолжително патничко осигурување

 

Напомена: ( Факултативно)

Новогодишна  ноќ на плоштад_________________________Цена:       0 €`

Новогодишна  ноќ во дискотека________________________Цена:     10 €

Новогодишна  ноќ во национален ресторан______________Цена:      70  €

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*