ВЕЛИГДЕН РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА

ВЕЛИГДЕН

РТАЊ – ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА

ПРОГРАМА

1 ден –18.04.2020- сабота

 6:30h – Состанок на групата на паркингот  пред  Хотел  ВИП (наспроти поранешен Саем)

7:00 h Поаѓање  од  Скопје  со стандардизиран туристички автобус или минибус .Патување кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

По паузата патувањето продолжува кон Р’тањ

-пристигнување во Етно комплекс Спа центар Балашевиќ.

-слободно време за користење на Спа центарот

-организирана посета на Црква за Велигденска литургија

– враќање во хотел

-Ноќевање

2 ден –19.04.2020 – недела

 8:30h-Појадок

-Запознавање со убавините  на  планината Р’тањ и легендите за планината од чиј врв може да се види древната пирамида,влевањето на Сава во Дунав,запознавање со митовите за скриеното богатство во нејзината внатрешност,подземните извори,пештера, со тајните и преданијата за вжештените кугли кои ја надлетуваат,но и за позитивната енергија со која зрачи и убавината,големината и совршениот геометриски облик и лековити билки кои растат единствено на нејзините падини.Сето она што ќе го видите и со што ќе Ве запознаеме,го прават Ртањ мистериозен дел на природата со многу тајни кои се уште не се откриени.Планината Ртањ ја посетувал и  самиот Хитлер поради нејзините биоенергетски својства,тврдејки дека од самата планина ја собира својата енергија.

– слободно време за одмор и користење на Спа центарот

– факултативна вечера со жива музика

– ноќевање

3 ден-20.04.2020 –  понеделник

-појадок

-користење на Спа центарот

– одјава од хотелот

– поаѓање кон Ниш

-пристигнување во ексклузивна винарија во близина на Ниш.

промоција , презентација на винаријата и  дегустација на вино  и можност за факултативен ручек и одмор во ресторанот на винаријата.

-поаѓање кон Скопје во договор со групата

-Пристигнување во Скопје во вечерните часови

 

Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје –Ртањ–Скопје
  • 2 ноќевања со појадок во Етно комплекс Спа центар Балашевиќ
  • 3 дена користење на Спа центарот
  • Комплетна организација и водство
  • Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување
  • Посета и презентацијана винаријата со дегустација на вино
  • Посета на Ртањ планина со стручен водич

 

Во цената не е вклучено :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Избор на седиште ( дополнително се наплатува 10 евра)
  • Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата
  • Факултативна вечера со музика во живо 15 евра

 

ЦЕНА : 69 ЕВРА

 

 

 

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*