Бањски Центар AQUA SPA TERMALE-5*(Србија)

AQUA SPA TERMALE – Бањски Центар  со природни термални води

( 30-31.3) – Нови Пазар-Петрова Црква-Манастир Сопочани(Србија)

Може да се патува и со стари лични карти !!!!!

Овој пат,Ви го нудиме Спа Центарот Аква Спа Термале во Нови Пазар,кое е едно од најпрестижните велнес одморалишта во регионот.Сместен во живописно опкружување, центарот нуди извонредна можност за релаксација и благосостојба,каде што традицијата и модерното се испреплетуваат,за да создадат совршена хармонија.Термалниот извор е срцето на центарот,а термалните базени нудат лековити води познати по нивните терапевтски својства. Релаксирачката топлина и минералите присутни во водата пак,помагаат да се подобри циркулацијата, да се ублажи болката и да се намали стресот.Аква Спа Термале,нуди целосна релаксација додека се релаксирате во лековитите води.Опкружени со шума и недопрена природа,базените се идеални за пливање и освежување во текот на топлите летни денови,а затворените базени овозможуваат максимално уживање.Топлата вода (32 степени)е одличен детоксикатор за вашето тело.

Термалните води помагаат при лекување на : ревматизам,состојба по скршеници и хируршки интервенции,траума,спортски повреди,кардиоваскуларни болести,болести на плуќата,неуролошки и гинеколошки оболувања…

Програма 

1 ден30.03.2024 – Скопје-Нови Пазар (Србија)

  • Собир на групата пред х.ВИП(наспроти поранешен Саем) во 06:30 часот
  • Поаѓање во 07:00 часот
  • Патувањето се одвива со попатни паузи за погранични формалности и паузи за одмор,преку Косово и може да се патува и со валидна лична карта
  • Сместување во Бањскиот Центар,слободно време и можност за користење на СПА Центарот
  • ГРАТИС приватен термин за ноќно капење од 22-24 часот (дополнително од редовното користење)
  • Ноќевање

2 ден31.03.2024Нови Пазар – Петрова Црква-Манастир Сопочани- Скопје

  • Појадок
  • По одјавата од Хотелот,се упатуваме да ја посетиме една од најстарите споменици на црковната архитектура на просторот на Србија и првобитното седиште на Рашката Епископија – Црквата Св.Апостоли Петар и Павле,која датира од 4 век…Потоа,ќе продолжиме во стариот дел на Нови Пазар,каде може да прошетате по старите тесни сокаци на чаршијата,да направите фотографија во центарот кај Себиљ (за момент ќе се почувствувате како да сте во Сараево-во Башчаршија),да испиете малинада,да пробате вкусни кебапи,пршута,мантии или едноставно да уживате во некое од многуте кафулиња сместени покрај реката Рашка.Можеби да се подновите со нешто од прочуениот пазар во Нови Пазар?
  • Потоа ќе продолжиме кон Манастирот Сопочани , каде при посетата на истиот ќе имате можност да чуете многу преданија и интересни податоци за Манастирот.Ќе имате можност да ја видите и фреската прогласена за најубава фреска од средниот век….
  • Во предвидено време,поаѓање кон Македонија
  • Патувањето ќе се одвива со паузи за одмор и погранични формалности

Цена на аранжманот до 10.03.2024

~ 4278  мкд 

~ Редовна цена  5000 денари

*Плаќањето се врши исклучиво во денари

Во цената е вклучено:

  • Превоз со стандардизиран туристички автобус/мини бус на релација според програма( Скопје–Нови Пазар-Скопје)
  • Сместување во AQUA SPA TERMALE (секоја соба е опремена со засебно купатило,ТВ,телефон,клима,пешкири,бањарки за во СПА центарот…)
  • 1 ноќевање со појадок (појадокот е избор од понудено мени)
  • Користење на Спа Центарот
  • ГРАТИС приватен термин за ноќно капење од 22-24 часот или 00-02 часот (дополнително од редовното користење)
  • Лиценциран туристички пратител за време на целото патување
  • Комплетна организација 
  • Туристичка такса
  • Осигурување во самиот Хотел
  • Wi-Fi

Во цената не е вклучено:

  • Факултативна посета на Нови Пазар со трансфер до наброените места според програмата,комплетна организација и водич (15 евра)  (** Факултативите вклучуваат -краток разглед со водич на стариот дел на Нови Пазар + влезница и посета на Црквата “Св.Апостоли Петар и Павле” со водич +  посета и влезница во Манастирот Сопочани со водич
  • патничко осигурување
  • Дополнителни лични трошоци,кои не се наведени во програмата,како и дополнителните услуги кои не се во основниот пакет на Спа Центарот (масажи,киропрактика…)

***Ресторанските услуги може да се користат и за ручек и вечера,во ресторанот во самиот Хотел.Факултативно вечерата се доплаќа на рецепција и изнесува 10 евра по особа

Информации за термалните води и лековитоста : 

Понудата на Спа третмани е дизајнирана да го освежи вашето тело и дух. Искусните терапевти користат врвни техники за масажа, ароматерапија и хидротерапија за да Ви обезбедат најдобро искуство за релаксација,од третмани за лице до масажи на цело тело,со закажување на дополнителен термин на рецепција.Термалната вода во базените на Аква Спа Центарот извира од лековити термални извори. Оваа вода е една од најбогатите со минерали и е потопла од обичната вода, бидејќи се загрева во внатрешноста на Земјата од близината на вулканската магма и лава. Термалните води извираат на голема длабочина и попатно собираат минерали од разни видови карпи, поради што,оваа вода,поволно делува на кожата и е погодна за лекување на разни болести.Термалните води се познати по бројните здравствени придобивки .Во термални базени,топлината и минералите од водата,продираат во кожата и телото и тоа може да помогне да се подобри циркулацијата,да се намалат воспаленијата,да се ублажат болките во мускулите и зглобовите, да се релаксираат мускулите и да се промовира детоксикација на телото,но исто така,позитивно делуваат на кожата, промовирајќи ја нејзината хидратација и обновување.

Придобивките и вредностите на термалната вода

Со гордост го претставуваме Спа Центарот каде богатството и вредноста на извонредниот природен ресурс-термалната вода,со векови се користи како корисна терапија за телото и умот.Колку е добра и вредна термалната вода за вашето здравје и целокупната благосостојба?

1. Збогатена со минерали: Термалната вода е богата со есенцијални минерали како што се калциум, магнезиум, натриум и калиум.Овие минерали играат клучна улога во одржувањето на балансот на електролити во телото,што е од витално значење за нормалното функционирање на мускулите, нервниот систем и срцето.

2. Природна хидратација: Термалната вода,благодарение на нејзината чистота и минералното богатство,обезбедува длабока хидратација која помага да бидете хидрирани одвнатре.Редовното уживање во термалната вода,помага да се одржи оптималната хидратација на кожата,правејќи ја мека,мазна и сјајна.

3. Општи ефекти за релаксација: Високата температура на термалната вода ги опушта мускулите и ја намалува напнатоста во телото,што помага да се намали стресот и анксиозноста.Благотворното дејство на термалната вода помага да се ослободите од секојдневните грижи и тензии,оставајќи Ве обновени и освежени.

4. Терапевтски ефекти:Термалната вода традиционално се користи како терапија за различни здравствени проблеми. Неговиот топлински и минерален состав,ја стимулираат циркулацијата на крвта и придонесуваат за детоксикација на телото.Исто така,многу посетители доживеале подобрување на состојбата на кожата,намалување на болките во мускулите и зглобовите,како и ослободување од одредени респираторни проблеми.

5. Намалување на воспаленија: Научните истражувања потврдиле дека термалната вода има антиинфламаторно дејство на кожата.Овој природен антиоксиданс,помага да се намали воспалението и црвенилото,што значително придонесува за одржување на здрава и сјајна кожа.

Напомена:

  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници
  • Поаѓањето е од Скопје
  • Редоследот на седењето во автобусот/ мини бусот,се прави според датумот на резервацијата и уплатa
  • За резервација на аранжманот,потребна е аконтација од 30% ,а целосна уплата се врши најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање
  • Агенцијата нема одговорност, во случај пограничните власти да му оневозможат на патник влез во друга земја
  • Распределбата на собите се врши  исклучиво на рецепција по пристигнувањето и агенцијата не може да влијае на сместувањето во хотелот (соба со или без тераса исл.)
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сноси патникот
  • За еднокреветна соба се доплаќа 50% од сумата
  • Агенцијата го задржува правото да направи измени на редоследот на посетите,доколку тоа е неодложно и го налагаат одредени ситуации (штрајк,манифестација,блокирани улици од одредени причини исл.) или доколку има потреба од истото
  • Во Србија се патува и со старите лични карти
  • Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернетот
  • Факултативите за посетите се пакет и не се делат
  • Агенцијата нема одговорност околу времето на чекање на гранични премини и нема обврска да ги одложи разгледите и посетите наведени во програмата поради временски услови дожд,снег исл.
  • Ова патување е групно/туристичко  и од тие причини се замолуваат сите патници да го почитуваат времето кое се договара за посети,останатите патници исл. и  се она по кое групните патувања се различни од индивидуалните (Ви благодариме на разбирањето)

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*