По патот на Кралевите и Витезите

7.05.2023 – НЕДЕЛА

 (Манастир Манасија,Ресавска Пештера,Водопади,Парк со православни Храмови,Ниш)

  • 00:15h Состанок на групата на паркингот пред Хотел ВИП (наспроти поранешен Саем)
  • 00:30 h – Поаѓање од Скопје со стандардизиран туристички автобус или мини бус.Патување кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Патувањето го продолжуваме кон Србија

На почетокот на денешното патување,прво место за посета ќе биде Манастирот Манасија – духовниот бисер и бисерот на средновековната култура на Србија.Единаесетте високи кули и ѕидините, со векови го чуваат Манастирот изграден во 15 век,од кога е и културен епицентар на земјата.Подигнат од Стефан Лазаревиќ,синот на Цар Лазар,Манастирот Манасија е домот и на Ресавската Школа. За ова место се врзани многу преданија, но и вистински случувања,кои ќе Ви ги доловиме на еден сосем поинаков начин.Каква е поврзаноста на местото со кралевите и витезите ?Низ фотографии,раскази и преданија,ќе имате можност бар за момент да бидете дел од тоа време…..

По кратката пауза во која ќе можете да се опуштите во мирот кое местото го нуди,ќе продолжиме кон паркот во кој ќе имате единствена можност да ги видите сите православни храмови од Србија,на едно место(Раваница,Жича,Студеница,Сопочан,Љубостина,Грачаница,Дечани…)

Потоа продолжуваме кон една од најубавите,најстарите и најпосетени пештери во Европа – Ресавска Пештера.Ќе имате можност да ја видите подземната Палата,но и многу други интересни и нестварни дела кои ги создала природата.За да ги комплетираме впечатоците од патувањето во овој дел од програмата,ќе се упатиме кон Водопадот Голем Бук на планината Бељаница и реката Врело – еден од највисоките Водопади во Србија,но и најживописни,кои со своето езеро никого не оставаат рамнодушен и пленат со убавина.

  • Планирано е слободно време за одмор и факултативен ручек во ресторан во близина на водопадите.
  • По паузата , ќе го продолжиме патувањето кон Ниш и ќе ја посетиме Нишката Тврдина,една од најдобро сочуваните во Европа,а во предвиденото слободно време,може да се прошетате по Калајџиското Сокаче….
  • За комплетирање на убавините од ова патување,ќе се упатиме кон ексклузивна винарија во близина на Ниш,каде ќе имамте  презентација и дегустација на вино.Во слободното предвидено време,може да уживате во преубавиот двор,да го испиете вашето кафе или пак вино,уживајќи во прекрасниот амбиент на ресторанот или пак да вечерате.
  • Во договорено време со групата,враќање кон Македонија
  • Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови

ЦЕНА 1600 ДЕНАРИ

 Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје-Србија-Скопје
  • Комплетна организација и реализација на програмата
  • Посета на Манастир Манасија
  • Дегустација на вино и презентација во ексклузивна винарија
  • Посета на Ниш
  • Посета на Нишка Тврдина

Во цената не е вклучено :

  • Пакет факултативи 20 евра вкупно(по особа) кои опфаќаат/вклучуваат :Превоз до местата наведени во програмата+посета и влезница во Ресавска Пештера+Посета и влезница кај Водопадите+Посета и влезница во Паркот со православните Храмови+Лиценциран туристички пратител за време на целото патување и специјализиран туристички водич

Напомена :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативен ручек/вечера не е вклучен во цената
  • Индивидуални трошоци не се вклучени во цената
  • Избор на седиште во минибус или автобус по барање се доплаќа 10 евра (минимум 2 седишта)

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*