Викенд на Јадран (1-ви Мај)
30.04-02.05
Свети Јован или Шенгин е крајбрежно туристичко место и поранешна општина во округот Леска, северозападна Албанија. Познат е по прекрасните песочни плажи и летни одморалишта.
Ви нудиме тродневно уживање покрај Јадранско Море ,уживање во преубавиот ресторан на сама плажа, хотел кој е одличен за одмор и релаксирање ,долгата песочна плажа,појадок во ресторан на сама плажа. Искористете ги благодетите на Јадранот. Месец мај е одличен месец да поминете викенд во Шенгин .
Hotel Molla се наоѓа на сама плажа , поседува бесплатен приватен паркинг и сопствен ресторант на плажата.
Собите се опремени со сопствено купатило, ТВ со рамен екран, кабловска ТВ, Wi Fi во целиот објект и во ресторанот на плажата,фрижидер,мини опремена летна кујна, клима вклучена во цената и секоја соба поседува тераса.Речиси сите соби се со поглед на Море.
- 39 евра ( 3 дена – 2 ноќевања со појадок ) – сопствен превоз
- 59 евра (пакет–2 ноќевања со појадок и вклучен превоз)
- Деца до 3 години – ГРАТИС
Програма
30.04 (прв ден)
- Собир на групата на паркинг на х.ВИП (наспроти поранешен Саем) во 4 30
- Поаѓање за Шенгин во 5
- Патувањето се одвива преку Косово , со предвидено време за гранични формалности и попатни паузи за одмор
- Планирано пристигнување и сместување во хотел,околу пладне
- Слободно време
- Ноќевање
1.05 (втор ден)
- Појадок
- Слободно време ( индивидуални активности)
- Ноќевање
2.05 (трет ден)
- Појадок
- Слободно време до одјава од хотел во попладневните часови
- Поаѓање за Македонија
- Пристигнувањето е планирано во вечерните часови
Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог: