MAURITIUS

Empty wooden table and coconut palms with party on tropical beach background. Empty ready for your product display montage. Concept of beach party in summer vacations.

 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ АПРИЛ/ МАЈ / ЈУНИ (8 дена / 7 ноќи)

индивидуална програма со лет од Скопје

Маурициус е вистинскиот избор за сите оние кои посакуваат рекреација и спорт во својата авантура. Ова е дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите авантуристи затоа што нуди врвно планинарење, kite surfing и нуркање. Целиот остров е опкружен со масивен корален гребен и претставува вистинско уживање за искусни нуркачи.

Покрај прекрасните плажи и лагуни кои се заштитен знак на островот, внатрешноста е богата со прашуми, водопади, планинарски стази и див свет. Зелените шуми обезбедуваат дом за ретки растителни и животински видови, како што е летечката лисица која може да се сретне само тука. Во прочуениот парк Касела (Casela) ќе доживееме сафари авантура и ќе видиме зебри, камили, лавови, тигри, на плажата Тамарин (Tamarin) ќе видиме делфини и китови, а во селото Чамарел (Chamarel) и џиновски желки.

 

 

Хотел Услуга Тип на соба Цена (7ноќи)
      АПРИЛ МАЈ ЈУНИ
La Pirogue, A Sun Resort 4* полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1750€ 1690€ 1690€
Hilton Mauritius Resort & Spa 5* полупансион=

полнпансион

Цена по лице во двокреветна соба 1890€ 1790€ 1690€
Sugar Beach, A Sun Resort 5* полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1950€ 1950€ 1990€

Можност на резервација на други термини и хотели на барање!

АПРИЛ

TK1006  21APR  SKPIST 2020 2255

TK 176  22APR  ISTMRU 0150 1235

TK 177  29APR  MRUIST 2005 0500+1

TK1003  30APR  ISTSKP 0725 0750

 

МАЈ

TK1006  05MAY  SKPIST 2020 2255

TK 176  06MAY  ISTMRU 0150 1235

TK 177  13MAY  MRUIST 2005 0500+1

TK1003  14MAY  ISTSKP 0725 0750

 

ЈУНИ

TK1006  06JUN  SKPIST 2030 2305

TK 176  07JUN  ISTMRU 0150 1235

TK 177  14JUN  MRUIST 2005 0500+1

TK1003  15JUN  ISTSKP 0725 0750

 

  1. ден Скопје – Истанбул

Пристигнување на Аеродром Скопје три часа пред полетување на авионот. Лет за Истанбул TK1006 во 20:20 часот. Слетување во 22:55 часот по локално време.

  1. ден Истанбул – Маурициус

Продолжување на патувањето на летот TK176 во 01:50 часот за Маурициус. Слетување по локално време во 12:35 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

  1. – 7. ден Маурициус

Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Предвидени денови за уживање на плажа. Можност за организирање на факултативни екскурзии.

  1. 08. ден Маурициус-Истанбул                    

Појадок Слободно време до трансфер до Аеродром Маурициус. Пријавување за летот до Истанбул TK177 во 20:05 часот.

  1. ден Истанбул-Скопје                    

Слетување во Истанбул во 05:00 часот по локално време. Продолжување на летот со лет TK1003 во 07:25 часот за Скопје. Слетување на Аеродром Скопје во 07:50 часот локално време.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, на економска класа со 30 кг. чекиран и 4 кг. рачен багаж)
  • Аеродромски такси
  • 7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база / НП ноќевање со појадок, согласно политика на хотел и протоколи
  • Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
  • Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Маурициус

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Сертификат за вакцинација (примени две дози) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • ПЛФ Формулар задолжително 72часа пред лет
  • Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
  • Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД и за откажување патувања
  • Индивидуални и лични трошоци
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

 

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Услови:

При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.

Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација

Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

Задолжително патничко осигурување

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

 

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd). Важат општите услови на патување на АТАМ

Во празнoто поле пишете пофалба, критика или предлог:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*